Хет-трикот на Кавани за 16 минути кој ја распали Бомбонера

Бока Јуниорс во 8. коло од аргентинската лига со 3-2 го совлада Белграно. Сите три гола за домаќинот ги постигна легендарниот Уругваец Единсон Кавани на кого навивачите на Бока одамна чекаа да блесне. Кавани стрелаше прецизно во 63-та минута од пенал, во 73-та и во 79-та минута.

Ова е прв хет-трик за Кавани уште од 19 јануари 2019-та кога постигнал три гола за ПСЖ против Генгам. Интересно ова е и прв хет-трик на стадионот Бомбонера после септември 2016-та кога сегашниот резервен шпиц Дарио Бенедето дал три гола против Килмеш.

 

5 март 2024 - 09:32