Уругвајскиот репрезентативец Џорџан Де Араскаета кој е член на Крузеиро, имаше азиска турнеја со својата селекција која во термините за пријателски средби закажа гостувања против Јужна Кореја и Јапонија.
Сè ќе беше полесно за него ако овие средби се играа во некои летни термини кога мирува клупскиот фудбал или уште поедноставно да го ослободеа со оглед на важноста на натпреварот која му следуваше во Бразил.
Но 24 годишниот напаѓач одговори јуначки и на репрезентативните и на клупските обврски, а на крај излезе и херој како никој на ваков начин.
Уругвај ги одигра и ги загуби двете пријателски во рок од 5 дена, прво 2:1 од Јужна Кореја, а потоа 4:3 од Јапонија, а Де Араскаета настапи само на вториот меч.
Потоа од јапонскиот град Саитама фати авион за Абу Даби, а од таму правец во Саи Паоло каде го чекаше не првенствен натпревар, туку финале во Купот на Бразил меѓу неговиот Крузеиро и Коринтијас.
И наместо како сите други репрезентативци кои обично се враќаат во клупската база во среда, а ги чека натпревар во сабота или недела, за Уругваецот немаше време за одмор ниту еден ден.
Џорџан Де Араскаета слета во Сао Паоло на само 4 часа пред стартот на финалето и се упати директно на стадион за да му помогне на својот тим да стигне до пехарот.
Тренерот свесен за неговиот замор кој е логичен после толкав пат од крајот на светот, го сместил на клупа, но во 67 минута при резултат 1:1 го пуштил во игра. 15 минути подоцна успеал да даде гол вреден пехар за својата екипа.
На неговиот настап и победнички погодок му претходел пат од околу 20.000 километри или вкупно 30 часа малтретирање.
И тоа не е сè. За новиот пехар во витрините Крузеиро ќе добие награда од 13 милиони долари, како и директен пласман во Копа Либертадорес 2019.
Голот на Де Араскаета
ESSE ÂNGULO, SÓ NÓS TEMOS! ESSE HEXA, SÓ NÓS TEMOS! OLHA AÍ O GOL MATADOR, O GOL DO ARRASCAETA, O GOL DO TÍTULO, O GOL DO HEXA, O GOL DO MAIOR CAMPEÃO DA COPA DO BRASIL! #HexaSóOCruzeiro pic.twitter.com/h3TInx4CeJ
— Cruzeiro Esporte Clube (@Cruzeiro) October 18, 2018
И големото славје
Falae, Nação Azul! O que nós somos quando conquistamos seis vezes uma competição? #HexaSóOCruzeiro pic.twitter.com/Q2mXNUrNAk
— Cruzeiro Esporte Clube (@Cruzeiro) October 18, 2018
Претседателот на клубот заврши во џакузи со се облека
E é claro, que o "Presida", não poderia ficar de fora da comemoração. Olha aí o que os jogadores aprontaram com ele. #HexaSóOCruzeiro pic.twitter.com/cEhwQVSozD
— Cruzeiro Esporte Clube (@Cruzeiro) October 18, 2018