Таг: крузеиро

Живи комедии со Марсело пред гол

Мечот меѓу Флуминезе и Крузеиро донесе акција со необична завршница по која Марсело имаше многу среќа што за влакно не си постигна гол. Да се збуни човек што ја гледа топкава, а не па да е во игра.

Другар, тој излез од стадион е за пешки

Фудбалските викенди трпат секакви натпревари, ама и доста талентирани навивачи. Натпреварот Крузеиро - Ботафого го откри царот над царевите меѓу навивачите. Ги скрцал жената и детето во кола после натпревар и кога здогледал знак „излез“, свртел и почнал да се симнува, за дури потоа да сфати дека тој излез е со скали.

Мајсторе, ти би погодил и 7-ца на лото

Некогаш славниот Крузеиро кој низ историјата освојуваше 2 пати Копа Либертадорес и е повеќекратен шампион на Бразил, сега игра во втора лига. Ги води Луис Фелипе Сколари. Синоќа со 4-1 го победија Бразил де Пелотас, а на тој меч падна и голот на колото. Стрелец Рафаел Собис.

Бразилска фудбалска шатро фора

Во бразилски куп се сретнаа нисколигашот Сао Раимундо и славниот Крузеиро. Мечот заврши 2:2, а во 79’ минута се случи комична ситуација кога гостинскиот фудбалер Еду направи тежок фаул, па со соиграчите пробаа да го збунат судијата да не знае кого да исклучи. Ама на крај не куртули.

Крузеиро испадна од лига првпат во 98-годишна историја

Изминатиот викенд славниот бразилски клуб Крузеиро од градот Бело Хоризонте, кој беше еден од само 4 клуба кој никогаш не испаднале од првата лига, мораше да се помири со најтешките моменти во своето постоење.

Херојот кој по 30 часовно летање облече копачки и реши финале

Честа и привилегијата да се носи репрезентативниот дрес колку што може да биде голема, знае да биде и тешка, особено за еден уругвајски фудбалер кој после овој јуначки подвиг заслужува двочасовна масажа на нозете во леген со топла вода и слободен викенд.