Хандановиќ со пантерски рефлекси го спасуваше Интер
Дербито на колото во Серија А меѓу Аталанта и Интер заврши без голови, иако на двете страни имаше многу шанси за погодоци. Капитенот на Интер, Самир Хандановиќ бранеше врвно и спречи неколку чисти зицери на домашните.