Во полската Екстракласа може да се види сè и сешто. Така на натпреварот меѓу Мотор Лублин и Легија Варшава во 10' минута гостите дојдоа до водство со чуден гол. Домашниот голман Кацпер Роса направи погрешна проценка, мислеше дека судијата досудил прекин и само ја спушти топката на терен. Шпанецот Марк Гуал го даде најлесниот гол во кариерата. На крајот мечот заврши 3-3 а Мотор Лублин израмни со вториот гол на мечот на Самуел Мраз во 90+10' минута од судиското продолжение.