Дваесет и едно годишниот голман Џош Кили е од Ирска. Почнал да брани како мал во локалниот Сент Патрикс Атлетик а од таму во 2022 доаѓа во Тотенхем.
Клубот од Лондон го праќа на позајмица прво во Барнет, а потоа во Лејтон Ориент каде сезонава прави шоу.
Во месец декември Џош Кили имал шест натпревари без примен гол а Лејтон Ориент на тие натпревари освоил 16 бода по најмногу благодарение на голманот.
Но она што го направи во ФА Купот е за приказна.
Во 1. рунда од ФА Купот 23-годишниот Кили го спасил Лејтон Ориент против нисколигашот и анонимен Борхам Вуд кога после 2-2 во основно време, на пенали одбранил три удари и го однел Лејтон во следна фаза.
Во второто коло од ФА Купот, Лејтон Ориент губел 0-1 од Олдам но Џош Кили постигнал фантастичен гол со глава во длабоко судиско продолжение во 90+9' минута за 1-1 и продолженија. А во продолженијата Агијеи дал победнички гол за 2-1 и пласман во следна рунда.
Синоќа против Дерби Каунти резултатот по регуларниот дел бил 1-1 и се преминало на пенали. Погодувате кој ја решил? Џош Кили го одбранил последниот решавачки пенал на Елдер и го однел Лејтон Ориент во следна фаза каде сега ќе ги чека Манчестер Сити со Ерлинг Халанд.
Благодарение на сите овие победи Лејтон заработил пристојни премии. За 8-ми февруари е закажан натпреварот Лејтон Ориент - Манчестер Сити кога на стадионот „Бризбејн Роуд“ кој собира 9.271 гледачи ќе дојде повеќекратниот шампион на Англија и доскорешен европски првак Сити.
Голманот на Лејтон, Џош Кили и натаму им овозможува на навивачите да сонуваат.