Германецот Филкруг му прати дрес на човекот кој го повреди со топка

Со два постигнати погодока, Никлас Филкруг го дели третото место на листата најдобри стрелци на Еуро2024. Филкруг постигна прекрасен гол со страшно силен шут против Шкотска, а постигна гол и против Унгарија.

Но по еден негов силен шут на загревање пред мечот против Шкотланѓаните топката завршила на трибините каде го погодила германскиот навивач Каи Флатман. Флатман платил 195 евра за карта во прв ред зад едниот гол на „Алијанц Арена“ во Минхен.

Филкруг влезе од клупата за резерви и постигна гол а Каи во меѓувреме бил префрлен во болница. Во знак на извинување Филкруг му потпишал дрес од германската репрезентација со автограм, му снимил видео порака во која му се извинува и го кани на гости во базата на репрезентацијата.

„За Каи. Оздрави побрзо! И извини“.

„Ја пеев химната со гипс на рака. Не знаев дали да плачам дали да се смеам. За жал морав да се откажам од мојот сон да го гледам мечот на отворање. За среќа тој (Филкруг) влезе и даде гол за 4-0“, рекол Каи Флатман пред натпреварот со Унгарија во Штутгарт во средата и најавил дека во живо ќе го гледа и тој натпревар кој Германците го добија 2:0.

Германската фудбалска федерација го известила дека е добродојден на секој натпревар. „Немам зборови, луда работа!“, пресреќен бил Каи дури и од болнички кревет.

28 јуни 2024 - 10:02