Германците со 6:0 одат на Светско

Во директен дуел за пласман на Светско првенство, пред преполни трибини на Ред Бул Арена во Лајпциг, Германија до врв ја наполни мрежата на Словачка и обезбеди сигурен пласман на Светско 2026.

Во претпоследната вечер од квалификациите за Светско првенство задачата ја извршија и Германија и Холандија.

Германците на кои им играше и нерешен резултат, тргнаа офанзивно и го прегазија ривалот. Уште во прв дел и дадоа 4 гола на Словачка: Ник Волтемаде го отвори резултатот во свој стил со глава, Гнабри зголеми на 2-0 по излезе еден-на-еден со голманот, потоа Лерој Сане а до крајот на првиот дел погоди и Флоријан Вирц.

Во вториот дел свое шоу имаа момците од РБ Лајпциг, новите репрезентативци Ридле Баку за 5-0 и Асан Уедраого (дебитантски гол за Германија на дебито) за конечни 6:0.

ХОЛАНДИЈА ОБЕЗБЕДИ КАРТА ЗА СВЕТСКО

Холанѓаните во последниот натпревар од квалификациите лесно и рутински со 4:0 ја совладаа Литванија и се пласираа на Мундијал 2026. Вирџил Ван Дајк го одигра 72. натпревар во кариерата за Холандија и го надмина рекордот на Франк де Бур.

„Ние го направивме тоа што требаше да го направиме. Пред крајот игравме малку невнимателно но ова беше важна победа. Во октомври имавме неколку сложни периоди. Ќе имаме пријателски во март и јуни за да ја подобриме ситуацијата и да се спремиме за Светското првенство“, вели Ван Дајк капитенот на Холандија кој додаде и дека се надева дека и Суринам ќе обезбеди пласман на Светско првенство (мајка му е родена во Суринам). „Би било јако да бидеме во иста група со нив“, заклучил стоперот на Ливерпул.

18 ноември 2025 - 09:10