Гасперини е во право? Лукман промашил 6 пенали по ред

Тренерот на Аталанта Џан Пјеро Гасперини од овој тим направи редовен учесник во Лига на шампиони и стандарден ривал во борбата за шампионско скудето. А цената на тоа е неговата грубост, суровост со играчите. На своја кожа тоа најдобро го осети Адемола Лукман, фудбалерот кој со хет-трик во историско финале на Лига Европа лани на Аталанта и донесе прва европска титула.

Epa Images
Epa Images
Epa images

Откако Аталанта изгуби на неверојатен начин 1-3 од Клуб Бриж и по поразот на првиот меч (2:1) со вкупен резултат 1-5 испадна од Лига на шампиони, тренерот Гасперини покажа со прст во Адемола Лукман.

Имено Англичанецот со африканско потекло влезе на полувреме од клупата и после само неколку секунди постигна гол за 1-3. Набрзо во 61' минута судијата досуди пенал за Аталанта а покрај стандардните изведувачи Де Рон и Пашалиќ, Лукман ја зел топката тој да изведува.

И промаши односно голманот на Бриж Симон Мињоле му одбрани. Така пропадна и последната шанса Аталанта да се врати резултатски во игра.

Гасперини после мечот на прес-конференција изјави дека „Лукман е најлошиот изведувач на пенали кој тој некогаш ги видел во кариерата“. Крилниот напаѓач после неколку часа објави на Инстаграм објава во која напишал дека „се чувствува многу лошо и повредено после таква јавна критика од тренерот кој лично него го криви“.

Еве ги последните 6 пенали на Адемола Лукман во сите натпреварувања:

 

20 февруари 2025 - 10:01