Френки облечи се, ќе настинеш

Фудбалерите на Барселона лесно се справија со нисколигашот Барбастро и славеа убедливо 0-4 во шпанскиот Кралски Куп. Головите ги постигнаа Ерик Гарсија, Роберт Левандовски 2 и Пабло Торе. После натпреварот тренерот Ханси Флик му ја даде својата дебела зимска јакна на Френки Де Јонг.

Головите од мечот:

На овој натпревар деби за Барселона имаше и 16 годишниот Тони Фернандез кој со само 16 години, 5 месеци и 17 дена стана вториот најмлад дебитант во историјата на клубот.

Интересно после овој историски меч за Барбастро кој првпат пречекува ваков гигант во шпанскиот фудбал, домашниот фудбалер Израел Гарсија ја побарал својата девојка а таа рекла „да“. Публиката ги награди со аплауз.

5 јануари 2025 - 08:42