Делии на Маракана синоќа приредија спектакл кој не може да се види и доживее на секој стадион во Европа без разлика што зборуваме за Лига на шампиони.
Величествена атмосфера се почувствува и за време на тв преносот и видеата кои кружат на интернет, а може само да замислиме како му било на дечково, веројатно единствен кој имаше можност да се тагне од кров.
Фотографот Марко Ѓуриќ се најде на врвот на стадионот Маракана, малку језива позиција од каде ја гледаше сензацијата која Белграѓани му ја приредија Ливерпул.
Кој знае кои ќејфови ги терал со апаратот од горе. За сега на Фејсбук има објавено само една фотографија на која му висат нозете.
А не е лошо ниту видеото кое го снимил