Фил Фоден - најпотценетиот играч во Европа

Англискиот репрезентативец веќе неколку години е во медиумска сенка на големите ѕвезди во Манчестер Сити и англиската репрезентација и неправедно е запоставен. Синоќа на 23 години направи нешто што за цело играње во Премиер лига им успеало само на Кристијано Роналдо, Франк Лампард и Дидие Дрогба.

Пеп Гвардиола во една прилика пред неколку години искрено изјави дека Фил Фоден е најталентираниот играч кој некогаш го тренирал (после Меси секако). А таков комплимент да се добие од најдобриот тренер на денешницата не е нималку мала работа.

Но и покрај тоа Фил Фоден (23) и натаму медиумски е некако во втор план. Англискиот репрезентативец синоќа во убедливата победа 4:1 над Астон Вила постигна хет-трик. А скоро постигна исто три гола на еден меч.

Тоа е вкупно трет хет-трик на неверојатниот Фоден во англиската Премиер лига со што застана рамо до рамо со легенди како Дидие Дрогба, Кристијано Роналдо и Франк Лампард кои имаа стотици натпревари повеќе од 23-годишниот Фоден.

Фоден беше еден од главните јунаци на историската тројна круна на Манчестер Сити кој во сезоната 2022/2023 освои Лига на шампиони, ФА Куп и Премиер лига.

Сезонава има 21 гол и 10 асистенции на 44 меча во сите натпреварувања со што го носи својот тим во жустрата борба за шампионска титула.

4 април 2024 - 10:13