Емотивниот повик на Мурињо до Пандев во автобусот на македонската репрезентација

Некои можеби уште не се свесни колку големо фудбалско име во Европа е нашата легенда која на 37 години ја однесе Македонија на Европско. Пази му се јавил Жозе во Букурешт на видео повик и тагувал за неговото репрезентативно пензионирање.

Македонија на Европско, освен што е исполнет сон и историја која не се заборава, тоа е и неисцрпна тема за разговор. Бобан Николов во гостувањето на „Лазаров шоу“, зборува за настапите на Македонија, шансите за Светско, атмосферата во тимот и сл.

Се враќа на првиот меч со Ангеловски како селектор на кој вели „имаше 45 души на стадион“. Со посебен респект се разбира се изразува за Горан Пандев на кој вели дека треба да му кренат споменик.

Открива и една ексклузива која смета дека треба да ја знае цела Македонија и која се случила пред да се симнат од автобус и да влезат во хотел после мечот против Холандија на Европско.

На Горан му се јавил Жозе, а приказната оди вака:

„Не знам дали ќе ми се налути, мислам дека нема. Ќе кажам нешто што треба да го запамети цела македонска јавност, сега ексклузивно ќе го откријам. Гоки немој да се лутиш. Јас ќе му бидам благодарен за цел живот, затоа што не научи на многу работи. Јас 2-3 дена знаев дека ќе се откаже, ми беше тешко. Се качуваме во автобус за накај хотел и на крај седиме јас, празно место поради протоколите, Горан, па празно место и Стефан. Сите излегуваат и во тој момент кога поминувам покрај него му ѕвонеше Мурињо на видео повик. Го пушта на камера и Мурињо почнува да зборува и да плаче затоа што се откажа. Потоа почнав јас да плачам, Стефан да плаче. Штом еден Мурињо му ѕвони... инаку таму беа Снајдер, Кавани. Македонија никогаш не може да му се оддолжи на Горан Пандев. Само треба да биде благодарна што го има. Одма споменик да му направат“.

На 7:50 на видеото

 

5 јули 2021 - 09:42