Емотивна приказна за изгубен шал стар 53 години

Еден возрасен навивач на клубот од Бирмингем, објавил дека по мечот со Ливерпул (2:2) на „Вила Парк“ го изгубил, некаде му паднал шалот. И ништо не би било чудно тој шал да не е стар цели 53 години и има страшно голема сентиментална вредност. Шал кој ја следел Астон Вила секаде каде и да играла.

По објавата на мрежата Х која за неколку часа имала околу 22.000 реакции, над 1.000 споделувања и преку 100 коментари, шалот е најден.

Прво е објавено каква боја е шалот и дека на него е извезен стариот грб кој го извезла мајката на сопственикот на шалот.

Некој после неколку часа твитнал дека отишол со кола од местото Едгбастон во близина на стадионот и дека го нашол. „Мислам дека ти го најдов пријателе. Прати ми го бројот и ќе ти го донесам јас“.

21 февруари 2025 - 09:16