Два решавачки шута во последна секунда се хит во НБА

Далас Маверикс го победи Денвер Нагетс 107:105 со кош во последна секунда на Кајри Ирвинг кој фрли полухорог преку Никола Јокиќ и погоди. Нагетс се жалат дека Ирвинг ја газел аут-линијата пред да тргне во шут, а со кош во последна секунда славеше и Мајами Хит против Детроит Пистонс.

Лука Дончиќ беше најефикасен со 37 поени и девет асистенции, а јунакот со победничкиот кош Кајри Ирвинг уфрли 24 поени со девет асистенции, седум скока и три украдени топки.

Кај актуелниот шампион Џамал Мареј беше најефикасен со 23 поени, седум асистенции и четири скока, Мајкл Портер додаде 20 поени со седум скока а Никола Јокиќ имаше дабл-дабл учинок со 16 поени, 11 скока и седум асистенции.

БАМ АДЕБАЈО ЗА ПОБЕДА НА КРАЈ

И мечот меѓу Детроит Пистонс и Мајами Хит завршил со драма. При резултат 101-101, кошаркарите на Хит се избориле за скок и посед па следувал тајм-аут.

Одговорноста ја презел Бам Адебајо кој постигнал луда тројка од осум метри за големо славје на Мајами Хит:

Некако непријатно

 

18 март 2024 - 11:46