Само еден ден откако Меси го постигна 86-от погодок во 2012-та година со што го сруши рекордот на Герд Милер стар 40 години, се огласи Фудбалската федерација на Замбија. Тие тврдат дека Годфри Читали во 1972-та година има постигнато 107 голови за клубот Кабве Вориорс и националниот тим.
Читалу загина на 27 април 1993-та година заедно со уште 29 луѓе кога додека ја извршуваше функцијата на селектор на репрезентацијата на Сенегал, авионот со целиот национален тим на оваа земја се урна во море.
Неговиот рекорд можеби никогаш нема ни да биде признат од ФИФА, а и да биде, Читалу бргу ќе биде заборавен како што е случајот со сите фудбалери од мали клубови и земји.
Но проблем за Меси може да претставува Зико. Аргентинецот синоќа беше стрелец на два гола за Барселона против Кордоба во рамките на шпанскиот клуб и си го подобри рекордот на 88 погодоци, но бразилскиот клуб Фламенго тврди дека Зико во 1979-та година постигнал 89 голови.
За екипата на Фламенго тој дал 81, уште 7 за репрезентацијата и 1 на пријателски натпревар помеѓу Аргентина и репрезентација составена од останатиот дел од светот.
Таа година Зико не играл 2 месеци заради повреда и според Бразилците, доколку не бил повреден тој ќе постигнел и над 100 голови.