Се работи за екипите на Гњилане и Балкани, дерби кое наместо да се зборува по убаво со херојски чин на голман кој го израмни резултатот, заврши на одвратен начин.
Во 94-та минута од мечот, домаќините решија да одат на сè или ништо, па за време на изведувањето на корнер, во шеснаесетник влета и голманот Количи кој со јуначки скок израмни на 1:1.
Но резултатот оди во втор план, бидејќи на терен влетаа домашните навивачи по што настанат хаос, а најдебелиот крај го изеде голманот на Балкани, Стиви Фрашери кој го соборија на земја и го удираа со нозе по глава.
Фрашери заврши во болница, а гостинските играчи не сакаат да го доиграат мечот. Инаку Балкани е прв, а Гњилане трет на табела со 5 бода помалку.