Аријан Адеми стана нов рекордер по број на меѓународни настапи за Динамо Загреб и тоа го стори со синоќешниот настап од Лига Европа против Феенорд, каде славеа на гости и со тоа ја освоија лидерската позиција во групата К.
Македонскиот репрезентативец кој го краси нашиот среден ред го надмина бразилскиот фудбалер со хрватски пасош Самир и со 77 европски настапи испиша нова страница во клупската историја на Динамо.
Неговиот деби меч под капата на УЕФА му беше во 2010-та против Шериф Тирасол кога имаше 19 години и од тогаш има скор од 37 победи, 16 нерешени и 24 порази, како и 9 постигнати гола.
Инаку Адеми кој со Динамо владее во хрватскиот фудбал, за една деценија има 8 првенствени титули, 4 Купови и 2 Супер Купови и тој е вториот капитен на Динамо кој два пати го водел тимот до европска пролет, по легендарниот Дражан Јерковиќ (1962/63 и 1964/65).
До овој рекорд ќе стигнеше порано доколку не добиеше четири годишна суспензија од УЕФА поради допинг, која потоа му беше намалена на две години.
Инаку натпреварот за кој ја доби казната е од Лигата на шампионите против Арсенал, одигран во септември 2015-та.
Погледнете само колку го величат навивачите на Динамо.