Дејан Кулушевски за татко му и баба му

Со пет гола и четири асистенции и со сјајни настапи на 21 натпревар за Тотенхем, шведскиот репрезентативец Дејан Кулушевски е еден од подобрите играчи на лондонскиот клуб. Тој во една колумна за светски познатиот The Players Tribune раскажал за своето детство кога одел во школо и на тренинзи.

„Ако сакаш да дознаеш кој сум јас, треба да знаеш и за татко ми Стефан. Тој е роден во Шведска од македонски родители и има прав вистински балкански менталитет.

Кога јас почнав да играм за Бромапојкарна, мојот тим во Стокхолм, тој ме возеше на натпревари сабајлечки, но исто работеше ноќни смени на аеродромот Арланда, беше надзор во службата за аеродромски автобуси. Работеше таму 25 години и мајка му исто го возела истиот автобус.

Ако си летал за Стокхолм, има големи шанси да сте се возеле со баба ми во автобусот.

Кога татко ми доаѓаше дома од ноќна смена, одеше право во кујна, ми правеше доручек и ме возеше на тренинзи. Без да спие.

И никогаш не се жалеше. Никогаш...

Сакаше да давам сè, зошто и тој даваше се за мене...

Како фудбалер и како личност угледувањето на него беше најдобро можно воспитание.

Не знам кога, но во некој момент ми се случи пресврт во главата. Пред неколку години некој ископа видео од моја школска претстава. Имавме наставник кој ни кажа да пишуваме што сакаме да бидеме, а потоа да излеземе на табла и да зборуваме за тоа пред класот.

Јас зборував за мојот сон да станам фудбалер, но лудост е што тогаш сум имал 10 или 11 години и веќе ги кажував работите што ги зборувам и сега.

Велев: „За мене, јас треба да го следам мојот пат а не нечиј друг. Никој не одлучува што и како јас ќе направам. Ако не успееш, труди се додека не успееш. Ништо не е невозможно. Невозможното само трае подолго.

Уште ме фаќаат емоции кога го гледам видеото, практично ми е жал за тоа дете затоа што сакало да успее толку многу“.

16 јануари 2025 - 10:44