Да не ја играше некој кец Локомотив - Динамо?

Сте чуле ли до сега, домаќин или општо некој клуб да води 1:0 до 90-та минута, а потоа во судиско да прими 5 и да има 36 минути судиско продолжение?

Се работи за пријателски натпревар на градското московско дерби меѓу Локомотив и Динамо. Ни требаше малку повеќе време да го свариме резултатов.

Тоест баравме повеќе докази, за да провериме дали воопшто се играл ваков натпревар. И на Резултати и Лајвскор го има мечот, кој се одиграл на 12 јули и пак не верувавме.

Но потврдата ни стигна од веб сајтот на гостите и нивните 5 гола кои ги објавиле на социјалните мрежи. 

Локомотив водел од 71 минута. Потоа примил пет комада во рок од 19 минути или поточно во периодот од 90+17 до 90+36.

Објаснувањата кои ги најдовме за 36-те минути судиско продолжение се поради „significant delay“ или некакво си долго доцнење.

Тоа се должело на рекордните високи температури забележани на 12 јули во Москва од 35 степени. На стартот пак на вториот дел имало дожд со силно грмење.

 

17 јули 2025 - 09:31