Битанга останува битанга

Аргентина со 3-0 го декласираше големиот ривал Чиле и остана апсолутен лидер во јужноамериканските квалификации за Мундијал 2026. Алексис МекАлистер, Хулиан Алварез и Пауло Дибала беа стрелци за гаучосите, а нова глупост направи голманот на Аргентинците Емилиано Дибу Мартинез. По којзнае кој пат се изглупира со противничките играчи и навивачи. Ист простачки гест каков што направи и на Светското во Катар а и подоцна. Дефинитивно ФИФА треба да го репне со драстична казна па нека се чеша.

Три мерак за очи голови на Аргентина, на Алварез најубав

 

6 септември 2024 - 15:36