Барселона-Милан анализа на читатели

Изреволтиран од случувањата и реакциите по натпреварот помеѓу Барселона и Милан, сакам да дадам едно мое видување (поткрепено со факти) на последната ситуација, а и на неколку контроверзни ситуации пред неа.

Како прво, сакам да го напоменам чудниот критериум и амнезијата на навивачите (ај нив можам да ги разберам), и на спортските новинари, кои секогаш ја гледаат само едната страна на медалот, т.е ги гледаат само одлуките досудении во корист на Барселона, а никогаш не ги споменуваат
одлуките досудени против неа, кои и те како имале влијание на крајниот резултат. Кога ќе се земе в предвид сето тоа ќе се увиди дека сите теории дека судиите и помагаат на Барселона паѓаат во вода. Судиите прават грешки и на двете страни.

Бидејќи сите ги знаат грешките во корист на Барселона, да ја погледнеме и другата страна:

1. Милан - Барселона 28/03/2012.
- недосуден чист пенал врз Алексис Санчез;
- сомнителен старт (влечење за дрес) и можен пенал врз Карлес Пујол.
Грешки кои можат директно да влијаат врз резултатот.
Реакциите во медиумите брзо се заборавија.

2. Арсенал - Барселона 16/02 2011*
- поништен чист гол на Лионел Меси поради наводен офсајд.
Грешка која директно материјално влијае врз резултатот.
- недосуден пенал после игра со рака на играч на Арсенал (од 2:36 до 2:42 минута од видеото)

3. Барселона - Арсенал 08/03/2011*
- недосуден пенал врз Лионел Меси (од 3:55 до 4:08 минута од видеото)
грешка која директно може да влијае врз резултатот
- фаул од Робин ван Перси врз Лионел Меси со отворен ѓон директно на нога. За такво нешто се добива директен црвен картон,
судијата не додели ни жолт(од 4:08 до 4:26 минута од видеото)
- намерен удар од Робин ван Перси врз Дани Алвеш по кој судијата исто така можеше да додели црвен картон (од 4:28 до 4:51 минута од видеото).

4. Интер - Барселона 20/04/2010*
- недосуден чист пенал по стартот на Весли Снајдер врз Дани Алвеш (од 5:25 до 5:50 минута од видеото)
грешка која може директно да влијае врз резултатот.
- признат гол од офсајд на Диего Милито (од 7:23 до 7:40 минута во видеото);
грешка која директно материјално влијае врз резултатот

5. Барселона - Интер 28/04/2010*
- поништен чист гол на Бојан Кркич поради наводно (сепак непостоечко) играње со рака на Јаја Туре (од 5:02 до 5:20 минута во видеото).
грешка која директно материјално влијае врз резултатот.

6. Барселона - Челзи 28/04/2009*
- недосуден чист пенал врз Тиери Анри(од 4:52 до 5:02 минута од видеото)

7. Челзи - Барселона 06/05/2009*
- недосуден пенал после играњето на Михаел Балак со рака во шеснаесетникот (5:52 до 6:15 минута од видеото);
- доделен непостоечки црвен картон на Ерик Абидал (од 6:15 до 6:31 минута од видеото).

Кога се ќе се стави на кантар, повеќе од очигледно е дека не е само Барселона екипата во чија корист се правени грешки, постои и другата страна која очигледно многумина не сакаат да ја видат и не сакаат да се соочат со приложените факти.

За крај, дека грешки се случуваат и на други мечеви ќе го дадам само најинтересниот пример (од многуте) кога на Манчестер Јунајтед во 1/8 финалето во 2004год. му беше поништен чист гол (на Пол Сколс) кога играше со Порто (на кого тренер тогаш му беше Жозе Мурињо).

*видеото од кое се земени извадоците. Овде може да се видат многу повеќе грешки против Барселона, јас ги извадив најбитните:

И бонус видео, грешки на судиите против Барселона а во корист на Реал Мадрид, од тековната сезона:

Со почит
Горан Николовски
Штип

5 април 2012 - 09:59