
МАРИО ЌЕ ОДИ НА СОБИРОТ НА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА, МАНЧИНИ ВЕРУВА ВО НЕГО
Познатиот италијански инсајдер Фабрицио Романо соопшти дека Балотели е повикан во репрезентациајта на Италија првпат уште од септември 2018-та.
Шпицот ќе дојде на јануарскиот собир на кој Италијанците ќе ги организираат подготовките за баражот против Македонија закажан на 24 март.
Селекторот на европскиот шампион, Роберто Манчини во септември лани изјави дека уште смета на Марио:
„Јас работев со Балотели (во Интер и Манчестер Сити) кога беше млад и играше добро. Он беше и ќе остане сјаен играч на технички план. Дајте да не заборавиме дека има 31 година, така што сега треба да биде во пикот. Секако, сите кои го знаат него, се разочарани што не се покажа во целост во последните 5-6 години“, изјавил Манчини кој низ кариерата имаше многу искуства со овој центарфор.
Балотели за Италија на 36 натпревари постигна 14 гола, од кои два беа посебно чудесни: против Германија во полуфинале на Европско 2012. Тогаш во финалето Аѕурите изгубија убедливо со 4:0 од Шпанија.
ВО ТУРЦИЈА БАЛОТЕЛИ ПРАВИ ЦИРКУС
Сезонава Марио не само што дава голови во турската Суперлига, туку и продолжува да биде ексцентричен.
Во септември 2021 тој со гол и асистенција блесна против Бешикташ и се сврте кон тренерот на ривалот, Серген Јалчин на кого му запамтил дека 10 години претходно за него рекол дека е „без памет“.
А веќе во декември лани при прослава на еден гол со соиграчите, со нога силно го удри 21-годишниот соиграч Јунус Акѓун кој постигна два гола во триумфот против Галатасарај. После мечот Италијанецот ги демантирал наодите за можно недоразбирање со соиграчот откако на Инстаграм кај Акѓун напишал: „Браво, мали“.
Во меѓувреме се појави уште една вест дека Балотели е можно не само да се врати во репрезентацијата туку и да се врати во Премиер лига. Според инсајдерот Николо Скира, за 31-годишниот Бало се интересира богатиот Њукасл.