Јирген Клоп испадна голем господин кога пред крајот на минатата сезона навремено го информираше клубот Ливерпул, навивачите и целата јавност дека по крајот на сезоната заминува. На тој начин им остави време и простор на сите да се спремат за неговиот наследник за кого Клоп рече дека не сомнева дека ќе има голем успех. И погоди. Арне Слот ја освои шампионската титула уште во првата сезона како тренер на Ливерпул и тоа на убедлив начин, со 15+ бода во однос на тимот под нив. Затоа синоќа по шампионската победа од 5-1 над Тотенхем го поздрави и Клоп.