Ливерпул го совлада Тотенхем со 5-1 иако прв прими гол и на убедлив начин стигна до нова шампионска титула во Премиер лигата. Црвените сега имаат дури 20 шампионски пехари од Премиер со што се израмнија на врвот со Манчестер Јунајтед. После победата надвор од „Енфилд Роуд“ во Ливерпул се славеше титула а во прославата некој тргнал да пали димна бомба ама се испоставила внатре била сина боја. Некој од Евертон убаво ги наместил.