Томас Тухел неделава ќе биде претставен во нов селектор на Англија која после оставката на Гарет Саутгејт ја водеше привремениот в.д. селектор Ли Карсли.
Дел од англиската јавност меѓу нив и Дејли Мејл негодувале што Германец ќе ја води Англија и тоа за нив би било понижување, но ако се види педигрето на Тухел може само да се констатира дека Гордиот Албион доби топ тренер со педигре.
Договорот стапува на сила од 1-ви јануари 2025-та и ќе трае до јули 2026-та.
Тухел е тренер кој на Челси му донесе трофеј во Лига на шампиони а три пати го победуваше силниот Сити на Пеп Гвардиола.
После разочарувачките исходи во големите финалиња на Европско првенство, два порази по ред, во 2021 (со Италија на „Вембли“) и 2024 (со Шпанија во Берлин), оваа генерација на Англија е решена со добар тренер да проба да оди до пехарот кој со години го сонува.
Договорот ќе биде на 18 месеци со можност за продолжување на соработката, а 51-годишниот Тухел ќе добие околу 5 милиони фунти. ФА во меѓувреме „опипувала терен“ и кај Пеп Гвардиола кој уште не бил сигурен во одлуката и изјави дека не знае што ќе прави во иднина после Сити.
Англиската јавност сакала ФА да им даде шанса на Грем Потер или на Еди Хау. Рио Фердинанд застанал во одбрана на Германецот и рекол дека навивачите не треба да берат гајле за националноста на новито селектор и верува дека Тухел кој освои шампионски титули со Баерн Минхен и ПСЖ како Лига на шампиони со Челси во 2021-ва, е најдобриот достапен кандидат.
Тухел ќе стане трет не-англиски селектор на Англија после Свен-Горан Ериксон кој неодамна почина и Фабио Капело.
You can’t sing 10 German bombers now Tuchel has been appointed manager.”
— Football Away Days (@FBAwayDays) October 15, 2024
England fans: pic.twitter.com/F6z3FglPyc