Македонскиот репрезентативец го прекина три месечниот пост во Чемпионшип лигата. Тој му донесе водство на Лидс на гостувањето кај фаворитот Дерби од 1:2 во 79-та минута и тоа со атрактивен “билијард“ погодок, само две минути откако влезе во игра. Домаќините израмнија во 92-ра минута. Седми гол на Џани во дресот на Лидс.