Барселона на стадионот Јохан Кројф славеше против Гимнастик со 4:0 во натпревар на кој шанса добија играчи од Б тимот. Еден од нив беше Реј Манај кој блесна со хет-трик.
24 годишниот напаѓач ги постигна сите три гола во второто полувреме и стана првиот Албанец кој настапи и стана стрелец за шпанскиот гигант.
За издвојување е првиот гол во 60-та минута кога многу вешто одигра еден на еден во шеснаесетник и испрати бомба под пречката.
Инаку Реј Манај има 20 настапи и 5 гола за селекцијата на Албанија, а во Б тимот на Барселона е втора сезона. Се работи за дете на Пјаченца кој се има калено и во школите на Сампдорија и Интер.
Во 2015-та стана член на Интер и тренираше со првиот тим предводен од Роберто Манчини, а потоа одеше на позајмици во Пескара, Пиза и Гранада.
🔥 Rey Manaj 🔥
— FC Barcelona (@FCBarcelona_cat) July 21, 2021
⚽ GOLÀS 🎯 pic.twitter.com/UcuOTOHvEL
👌 El segon de Rey Manaj ⚽ pic.twitter.com/888SjLQEr8
— FC Barcelona (@FCBarcelona_cat) July 21, 2021
⚽, ⚽ i ⚽
— FC Barcelona (@FCBarcelona_cat) July 21, 2021
HAT-TRICK DE REY MANAJ! 🔥 pic.twitter.com/H2EBd2OZ67