Ајде аирлија нов Македонец во Серија А

По сите шпекулации кои траеа со месеци, со една долга листа на десетина клубови во кои го пренесоа, Елиф Елмас конечно го направи трансферот за кој интензивно се зборуваше овој месец. Оди во клубот каде 19-та беше Пандев, а 10-ка Марадона. Со среќа младичу.

Елиф Елмас утринава замина за Рим на лекарски прегледи пред да стави потпис во Наполи, а друштво во авион му прават поранешниот вардарец Никола Ѓошевски и неговиот татко, кои инаку му се менаџери.

Големиот македонски талент од Фенербахче во рок од месец и нешто го пренесоа во Интер, Милан, Атлетико, Севиља, Тотенхем, а претходно и во Борусија, Манчестер Сити, Лацио и каде уште не.

Но сагата е веќе завршена. Плејмејкерот на македонската фудбалска репрезентација и официјално ќе го гледаме во Наполи. Тоа е фантастична дестинација и огромен предизвик за него, бидејќи ќе игра во клуб кој неколку сезони по ред се обидува да го симне Јуве од тронот.

Елмас со трансферот вреден 16 милиони евра руши два рекорди. Станува најскап македонски фудбалер во историјата, а на Фенербахче му носи рекордна продажба.

Кориере дело Спорт го стави на насловна

Официјална потврда има и на Газета.

Како и кај специјалистот за трансфер, Џанлука Ди Марцио.

Еден Наполитанец твитнал:

Елмас ни е трето засилување. Гледав и анализирав видеа од него. Според мене:

Контрола на топка - Одлична
Дриблинг - Добар (заљубен е во топката)
Силина на удар - Добар
Прецизност - Дискретна


Мене ми личи на новиот Зјелински

23 јули 2019 - 09:05