Цефн Друидс имаше многу лош ден и беше декласиран на домашен терен со 7:0 од Кернарфор. Срамот на третопласираниот тим кој доживеа дебакл од лидерот на табелата стана уште поголем бидејќи по ова однесување може да останат и без навивачи.
Еден од фудбалерите кој беше близу до оградата не можеше да ги истрпи критиките на еден од навивачите па му побара ферка која се претвори во групна тепачка меѓу играчите и навивачите.
Очивидецот Грег Еванс кој го сними второто видео за Велс онлајн изјави:
„Играчот беше исклучен и додека одеше накај соблекувалната влезе во расправија со навивач, а потоа ситуацијата ескалираше. Другите играчи од Цефн Друидс влегоа во топлата. Во близина имаше и полиција, а потоа видов како доаѓаат уште 10 полициски возила“.
Гостите со овој триумф ја прославија шампионската титула, а овие ретки “дуели“ играчи vs навивачи се случија во трета лига.