Истражувањето кое го направи организацијата за анти-дискриминација Kick It Out покажува дека Марио Балотели оваа сезона се соочил со најмногу навреди од страна на англиските навивачи, а нешто повеќе од половина се на расистичка основа.
Со расистичка дискриминација се соочил и Дани Велбек кој во септември минатата година направи трансфер од Манчестер Јунајтед во Арсенал, додека Даниел Стариџ од Ливерпул бил најмногу е навредуван на сексуална основа.
Резултатите покажуваат дека 88% од коментарите доаѓаат од Твитер, 8% од Фејсбук, 3% од навивачки форуми и 1% од блогови. Од клубовите најмногу е навредуван Челси за кој вчера објавивме дека најмалку внимава на фер плејот, а по него следуваат останатите гиганти од Премиер лигата.