Ќе има реванш на 6. февруари на „Енфилд Роуд“ кога Ливерпул ќе се обиде да ја надомести негативата од еден гол. Гол на 18-годишниот Швеѓанец Бергвал кој го даде својот прв погодок за Тотенхем на 3 настап.
Во самата акција која му претходеше на голот, Лукас Бергвал прво направи груб прекршок над Гркот Костас Цимикас но главниот судија не досуди ништо. Следуваше бурна реакција од Арне Слот по примениот гол.
Лукас Бергвал веќе имаше жолт картон и оправдано требаше да добие и втор жолт после овој старт:
Во другото полуфинале играат Арсенал и Њукасл, а вториве ќе имаат прекрасна предност од 2 гола пред ревашот на нивен стадион откако славеа 0:2 во Лондон на првиот натпревар.