Off Topic

Трамп заминува, Кенеди се враќа

Кенеди центарот беше едно од многуте камчиња во чевелот на Доналд Трамп. Преку ноќ го смени раководството, постави свој човек, го стави своето име на чело и по некое време се најави дека центарот нема да работи две години поради неодложни реновирања. Ништо од тоа не издржа. Суд ја поништи одлуката за реименување а работници се фатија да го симнат новото име. 

„Равенка за сè“ именувана по македонски автори

Равенка која е екстремно едноставна но овозможува пресметувања на параметри што сите електрохемичари ги бараа 50 и кусур години, со цел да го најдат баш тоа - една равенка за сè! Се работи за едно од најголемите достигнувања во македонската наука (а посебно во електрохемијата) во последните неколку десетлетија, прва равенка именувана по македонски автори а доаѓа од необични и неконвенционални идеи на две млади девојки.

Саграда Фамилија е (речиси) готова

Папата го благослови завршувањето на највисоката од 18-те кули на божественото ремек-дело на Антонио Гауди во Барселона. Со тоа импозантниот објект кој се гради цели 144 години ја достигна својата финална височина од 172,5 метри. Во иднина ќе се доправа фасадата а потоа на ред ќе дојдат контроверзните скали за кои, во зависност кој план ќе се избере, можеби ќе треба да се преселат од 1.000 до 10.000 луѓе. А и Кичево-Охрид ќе биде...

Ентони Бордеин од 6.674 капачиња

Дечкото петнаесет години работел како шанкер. Позиција на која брзо отвораш пијачка и уште побрзо го фрлаш капачето. Не и тој. Други шанкери се по бакшишот, тој бил по капачињата. Ги собирал. Собрал стотици илјади капачиња. Ги сплескал, ги подредил по боја и дизајн и сега прави махерски портрети со закуцани капачиња.   

Марк Руте, човекот кој ќе ја клекне Русија

Првиот човек на НАТО е политички двовалентен. Од една страна има јако ниска точка на топење пред Доналд Трамп - му има праќано бесрамно ласкави СМС пораки, субмисивно му се обраќаше со „daddy“... Од друга страна јак е на вилица кога ѝ се заканува на Русија, порачува дека НАТО треба да биде посмртоносен... А уште од млади години е спретен, виспрен, снаодлив, жив ѓаол... 

Тргаме?

Науката не само што му ги проширува хоризонтите на човек туку и му креира шанси да сонува за далечни светови, светови ослободени од стегите на ограничените работни времиња на локалите, полициските рации и дрегери и слични овоземни секирации. Врзете се, одиме кон центарот на нашата галаксија. Е не, на периферија ќе ти седиме!   

И викаш користиш Сигнал и никој не може да ти чита пораки, а?

Истата апликација ја користи и Такер Карлсон со истите идеи на ум кога во најголема тајност сака да договори интервју со Путин.  По некое време преписки, Карлсон добива повик од „човек од Вашингтон“ кој му кажува дека НСА му влегла во Сигнал апликацијата и знае дека договара интервју. Важно е и тоа што случката е од пред војната, 2021 година, и се работи за постара верзија на апликацијата.

Што е бе тоа 1.150 долари за шишање

Ок, точно, шишањето е на адреса и има еден саат патување до таму, плус за фризурата се потребни 2,5 до 3 часа, ама пак, 1.150 долари се 1.150 долари. Сумата е 3 часа по 350 долари од час и 100 долари превоз. За делот од публиката што не оди на бербер, седнување на берберска столица во Скопје (значи не стилист, фризер или како и да се викаат) во просек ќе те чини околу 300 денари.

Кажи Русија, кажи Русија, кажи Русија

Портпаролот на Пентагон, најискрено, со сето свое битие сака да каже дека „војната е стратешки неуспех за Русија“. Ама не е тоа тек така. Сигурно психолози имаат нешто да заклучат од клипот.

Најди ја разликата

Кратко видео од два дипломатски настани. Во едниот руска функционерка се среќава со кинескиот владетел, во другата американската министерка за финансии, Јелен, се среќава со кинескиот колега Хе Лифен.

Сега на Франција и е ред да биде колонизирана

Ако Франција е растистичка, како што тврдат луѓето што деновиве ја палеа земјата, тогаш зошто уште луѓе емигрираат во Франција? Затоа што сега Франција е таа што треба да биде колонизирана, засекогаш.

Филмски разговори за педофилија

Со буџет од само 14 милиони долари, филмот „Sound of Freedom“ на благајните го потепа долгоочекуваниот продолжеток на „Индијана Џонс“ на Дизни (со буџет од 295 милиони долари!). Приказната е шокантна и, за жал, вистинита. Ви предлагаме од 31-ва минута да погледнете две минути, па ако не ве заинтересира, баталете. 

Роденден кој се памти цел живот

Во Бразил малолетници можат да бидат уапсени но после регистрирањето, биваат пуштени. Следи сцена во која во полициска станица му се слави роденден на еден млад кримос, со торта, со песна, со сè. Му го слават полицајците, само затоа што дента му е 18-ти роденден, што значи дека ќе можат да го задржат во апс. Славеникот не е нешто еуфоричен околу своето полнолетство.

Ви текнува дека цела фотосинтеза зависи од јаглерод диоксид?

Во три и нешто минути, Иан Плимер го демонтира оној напнат климатски алармизам и апокалиптичност поради кои треба наопачки да ја свртиме глобалната економија, начинот на кој живееме и секојдневните навики. Ама добро, човекот е само геолог. Кај може тој да со сето она знаење кое го поседува Грета Тунберг?

Вирални шашми за Франција

Како и со секоја слична дешавка, и нередите во Франција се супер прилика да се подметне нешто што нема врска со реалноста. Наспроти нашата пуста верба дека „на лагата ѝ се кратки нозете“, Џонатан Свифт на времето напиша „Лагата лета а Вистината доаѓа после неа и се тетерави“. Она што пред три века била само хипербола, денеска е прецизен опис на функционирањето на социјалните мрежи.

Најглупиот во Париз

Чул тој дека во цел оној париски хаос и безредија луѓе влегуваат во продавници и земаат што им душа сака, при што никој ниту ги спречува ниту ги гони, па решил и тој да се поднови во продавница за спортска опрема. Додуша, со намален избор на артикли и што е поважно, со ужасно лош тајминг.  

Сè што треба да знаете за „одбрана на вредностите“ во Украина

Додека возови им излетуваат од шини заради катастрофално запуштената инфраструктура, американските даночни обврзници се цедат за да му се пратат пари и оружје на Зеленски кој никогаш не е задоволен од темпото и обемот на помошта. Макс Блументал феноменално ја скицираше американската шема за Украина, една од најкорумпираните земји во Европа. 

Госпожо, Париз е, не е Бахмут или Могадишу

Сме виделе далеку помалку преплашени новинарки како се јавуваат од далеку пострашни конфликтни зони отколку што е центарот на Париз. Или можеби само преку монитор изгледа дека Париз и не е нешто посебно страшно. Новинарката од финската телевизија YLE известува во живо од главниот град на Франција.

Утрото по правдата се познава

Дуќанџии од Марсеј стигнуваат до своето тобако по уште една ноќ немири, пожари и пљачкосување низ нивниот град кои се водат под етикета на терање некакви правдини врз кои реално тие немаат никакво ни влијание, ниту пак тобакото е некојси симбол на француските колонијални злостори.

Видиш, да сме ти биле исти со Хрватска

Не е за  радување, нема тука многу нешто исто, освен начинот на кој нè работат (и нас и вас и нив) на иста фора - асфалт. На крај и они ништо не направиле, и ние ништо не сме добиле, а сите среќни, чиста магија.

Норвешка ајде малку повеќе мулти-култи

Некаков настан во Норвешка на кој се делат некакви си дипломи за којзнае какво достигнување. Еден од луѓето што добиваат диплома е дечко од исламска вероисповест кој прилично доследно ги следи учењата на Исламот, вклучително и делот дека нема што да допира друга жена, па макар тоа да било и ракување. Па да видиш ти навредена Норвежанка, па предавања, па укори.

Арна? Нуклеарна!

Сите што по интернет се јачаат те Путин да ја здроби Украина, те НАТО да ја здроби Украина (наместо човечки да им докурчи сето тоа па да кажат, дај бе нека седнат и нека се договорат), нека го погледнат ова кратко видео за најверојатното сценарио на ултимативната разрешница- да се спукаат со нуклеарки. Ама тоа не зависи од нас, обичните мали луѓе? Е па, ако не зависи, што онда толку навивање за здробување? 

Кога тато навреме ќе дојде

Двајца братчиња се закачаат, поточно помалото братче на шала пробува да го фати поголемиот брат одзади, да му направи зафат за давење. За среќа, сцената навреме ја здогледува нивниот татко, во вистинско време да му одржи поучна лекција на помалиот син. Сакате да ја видите таа татковска лекција?

Паркинсоновиот закон на компаниите

Илон Маск отпушти 6.500 вработени во Твитер. Се зборува дека сега работи со два дизајнера, шест ИОС девелопери, 20 веб програмери и 1.400 луѓе за продажба и операции. Како е можно платформата да функционира со така десеткувана екипа? Можно, затоа што на Маск веројатно му е познат Паркинсоновиот закон.

Е, вака глупо изгледате од страна

Социјалните медиуми се хранат од нарцизам на едни и воајерство на други. Исцрпувачка е нивната лакомост, редовно да се храни „ѕверот“ и што почесто да се става нешто од себе за после да се проверуваат лајкови и шерови. Кога ќе видите некоја од тие гламурозни и исфилтрирани фотки, само помислете колку туфкање и местење требало и како тоа мора да изгледало пресмешно од страна.   

Од канцеларијата на Пригожин

Во саботата руските безбедносни служби упаднаа во седиштето на Вагнер во Санкт Петербург, па потоа истите овие безбедносни служби објавија што нашле во канцелариите. На страна главниот плен од околу 4 милијарди рубљи во картонски кутии (47 милиони долари), кај Пригожин во канцеларија имало и други интересни сувенири.

На Кинезите им дојде памет после лилјаците

Откако ја предизвикаа онаа глобална пиздарија со коронавирусот јадејќи сè и сешто (и ние некогаш да го браниме Фаучи), Кинезите се враќаат на некои побезбедни варијанти на исхрана. Сега јадат, поточно шмукаат камења. Зејтинче, лукче, пиперче, зачини по избор, сето тоа пропржено со „њоки“ од реката. Сега некои идиоти од Запад ќе помислат дека порцијата се јаде интегрално, па Кинезите пак криви.

Вонредна епизода: Сме го јаделе

Не знаеме кога и како, ама има да најдете два саата да изгледате нешто што ќе ве здрма, но можеби и опушти, како што може да се опушти некој кој знае дека битката е изгубена. Од врвните ешалони на Гугл Икс кадешто си играле со вештачка интелигенција, човекот кој (освен трагичните лични причини) дал отказ откако видел колку брзо се развива тоа чудо. И како веќе дава жмигавец за претицање.  

Црвените линии на Путин

Новинарот: Умеете ли да простувате?
Владимир Путин: Да, но не сè.
Новинарот: Што не можете да простите?
Путин: Предавство.

Ладо мори душманке

Претседателот на најголемата руска банка Сбербанк, Герман Греф, седнува пред легија новинари и фоторепортери почесно да ја запали новата Лада Аура. А Лада ко Лада, како што ја знаете, не пали од прва, ни на времето, ни сега.