Off Topic

Трамп заминува, Кенеди се враќа

Кенеди центарот беше едно од многуте камчиња во чевелот на Доналд Трамп. Преку ноќ го смени раководството, постави свој човек, го стави своето име на чело и по некое време се најави дека центарот нема да работи две години поради неодложни реновирања. Ништо од тоа не издржа. Суд ја поништи одлуката за реименување а работници се фатија да го симнат новото име. 

„Равенка за сè“ именувана по македонски автори

Равенка која е екстремно едноставна но овозможува пресметувања на параметри што сите електрохемичари ги бараа 50 и кусур години, со цел да го најдат баш тоа - една равенка за сè! Се работи за едно од најголемите достигнувања во македонската наука (а посебно во електрохемијата) во последните неколку десетлетија, прва равенка именувана по македонски автори а доаѓа од необични и неконвенционални идеи на две млади девојки.

Саграда Фамилија е (речиси) готова

Папата го благослови завршувањето на највисоката од 18-те кули на божественото ремек-дело на Антонио Гауди во Барселона. Со тоа импозантниот објект кој се гради цели 144 години ја достигна својата финална височина од 172,5 метри. Во иднина ќе се доправа фасадата а потоа на ред ќе дојдат контроверзните скали за кои, во зависност кој план ќе се избере, можеби ќе треба да се преселат од 1.000 до 10.000 луѓе. А и Кичево-Охрид ќе биде...

Ентони Бордеин од 6.674 капачиња

Дечкото петнаесет години работел како шанкер. Позиција на која брзо отвораш пијачка и уште побрзо го фрлаш капачето. Не и тој. Други шанкери се по бакшишот, тој бил по капачињата. Ги собирал. Собрал стотици илјади капачиња. Ги сплескал, ги подредил по боја и дизајн и сега прави махерски портрети со закуцани капачиња.   

Марк Руте, човекот кој ќе ја клекне Русија

Првиот човек на НАТО е политички двовалентен. Од една страна има јако ниска точка на топење пред Доналд Трамп - му има праќано бесрамно ласкави СМС пораки, субмисивно му се обраќаше со „daddy“... Од друга страна јак е на вилица кога ѝ се заканува на Русија, порачува дека НАТО треба да биде посмртоносен... А уште од млади години е спретен, виспрен, снаодлив, жив ѓаол... 

Тргаме?

Науката не само што му ги проширува хоризонтите на човек туку и му креира шанси да сонува за далечни светови, светови ослободени од стегите на ограничените работни времиња на локалите, полициските рации и дрегери и слични овоземни секирации. Врзете се, одиме кон центарот на нашата галаксија. Е не, на периферија ќе ти седиме!   

Се даваат ли онолку пари за да се удавиш?

Многу луѓе се чудат како оние пребогати јадници кои загинаа во бојлерот нагалено наречен подморница, мазно платиле по 250.000 долари секој, за онака рискантно патување до дното од океанот. Еден чичко ќе ви разложи проста математика, за да сфатите колку е тоа лесно. Во нивниот свет. Како вие да платите 150 денари за крукче на рингишпил. 

Офтиката наречена прогресивност

Убитачно точен опис на различните тежини во квалификациите да се стане десничар и да се стане левичар. Првото е лесно, и да не мислиш нешто како нив, ќе научиш. Ама, ако не си доволно лево кoлку што квази-левичарот мисли дека мора да си лево, тогаш си нацист. Тие луѓе, просто, не можеш да ги задоволиш.

Медиумски светлини и мракови

За да спасат четворица милијардери од кои секој платил по 250.000 за да се спуштат на дното на океанот и да видат што останало од Титаник, се мобилизираа најелитните американски и канадски спасувачки служби.

Они нас Мерко ќе ни го ставале на црна листа

Ако бидеш фатен со кокаин макар колку едно париче, одиш во затвор 5 години. За тебе нема условна казна, нема ништо освен пет години зад решетки, судијата нема поинаква опција. И државата може да ти земе сè што имате, куќа, кола, банкарски сметки... може да ти земе сè! Јас не знам зошто имаш станато социопат, ама имаме обврска да те изолираме од општеството. Слушаш ли, сине Хантере?

Полни кофи уметност

За жал, не постои снимка од обелоденувањето на Давид на Микеланџело или пак од откривањето на Мона Лиза на Леонардо Да Винчи. За среќа, постојат снимки од модерната уметност, во случајов, од жанрот инсталации. Напнато, храбро, бескомпромисно, ама успешно! Се придружуваме кон аплаузот. Браво, маестро!

Што знае дете што е напред-назад

„Вагината на Сабрина стануваше влажна и топла а пенисот на Марко стана многу тврд. Марко го стави пенисот во вагината на Сабрина и го движеше напред-назад, што им беше убаво и на двајцата“.  ОК. Сме читале ние и појаки порно сцени, не е тоа проблемот. Како што му објаснија и на Куомо, проблемот е што цитатот е од книга за деца од 4 до 8 години (!) и што масовно ја има по школите.

Дупчињата во грчки Лидл

Порано некои наши кварни земјоделци од Грција купуваа некакви сомнителни прашоци кои се раствораа во вода па онда на патлиџани со сунѓерче им се накапуваше на петелката за тие преку ноќ да станат црвени и пожелни. Денес изгледа се префрлила работата на инекции. Добро, ако не е тоа што го сумњаме, што друго може да биде ова?  

И ние имаме квир симпатии

Значи можело некој да прави со себе, својот аутфит и својот живот што сака (на што талибанци од секаков ков мора да навикнат) а притоа да не се шлакне и да упадне во онаа луда матрица за катаљарда идентитети која „ја измислија во пандемијата кога им беше досадно“. „Што им е тоа „тие“?, се чуди симпатијата. 

Шарл Де Гол и неговата ќерка

Во домот на Де Голови постоело свето правило кое никој не смеел да помисли да го прекрши: Ана никогаш и од никого не смеела да се почувствува поинаква од другите или помалку вредна од нив. Шарл Де Гол важел за воздржан човек, дури и со најблиските членови на неговото семејство. Освен со Ана.

Како изгледа експлозија на 6 тони ТНТ

Еден од своите тенкови Русите го адаптираат во камиказа верзија, го полнат со 6 тони ТНТ и го праќаат кон украинските ровови. Украинците имаат среќа на време да го видат тенкот и да го запрат (или па само нагази на мина) пред да им припари посериозно. Експлозијата што следува е спектакуларна.

Зошто Арнолд почнал да билда

Во емисија на Карсон, Австриецот се пува дека еден ден стоел гол пред огледало, се гледал и сфатил дека еден негов орган е многу поголем од остатокот од телото. Па решил со вежбање остатокот од телото да го доведе во големина која ќе одговара на органот кој, ете, штрчел. Чекајте, има еден поинтересен момент. 

Нè уби прејака педагогија

Една ученичка од осмо рекла дека се идентификува како мачка. Нејзина соученичка ја прашала дали е сè во ред со неа и како може да се идентификува како мачка кога е девојче? Се вмешала наставничката и ѝ рекла на ученичката дека е одвратна. Тоа ѝ го рекла на втората ученичка.   

Грчката колевка е увозна

По нивно сопствено признание, сето знаење на античките Грци всушност е земено од древните Египќани. Питагора таму минал 15 години, убедувајќи ги дека е вреден да го споделат нивното знаење со него. Кога сето тоа им е препишано на Грците? Кога во расистичките 18 и 19 век е решено дека не е баш згодно фундаментите на западната цивилизација да доаѓаат од земја која е во Африка. 

Планетава се загрева или се лади?

Зависи од кога мерите. Ако сте почнале пред 38 години, тогаш нема промени. Ако стартот е во 1850-та, во меѓувреме сме се затоплиле за 0,7 степени. Од Средниот век се имаме изладено за 4 целзиуса. Од времето на Викинзите имаме загревање, а од времето на Исус, ладење. Циклуси. И парите имаат циклуси. Некогаш се заработуваше од страв од ново ледено доба, денес од страв од глобално затоплување.  

Во Белгија делат шамари на политичари

За разлика од други места тука шамарите ги дава полицијата излезена на улица баш заради протестите на кои се појавиле политичарите. Шлапаниот е Том Ван Грикен, лидерот на десничарската Вламс Беланг.

Како звучеле древните јазици?

Од 15 древни јазици оживеани со помош на компјутерски марифети, само тоа латинскиот звучи очувано, пошто никој не го зборува. На пример, кажете му на Грк да ви го преведе она на што се разбирале Хомер, Платон... Додуша, и Кирил и Методиј денес да побараат чаша вода во Охрид или Несебар, домаќини би им рекле: Нема веќе соби дечки, сè е резервирано. 

Го знаете ли правилото 20-20-20?

За да се ослободите од стресот на работа, пробајте да го следите правилото за три 20-ки. Значи вака: дваесет минути работете. Потоа дваесет минути гледајте во нешто што е оддалечено 20 метри. Ако првите две дваески ви се лесни, ви останува само уште третата.

Ако ви е утеха има полоши и од наша Пошта

Кај нас може пратките каснат некој месец ама кога ќе стигнат не излгедаат како експонат од Музеј за современа уметност. Ова дело е на француските пошти, кои ладнокрвно вака му го испорачале компјутерот на еден локален дечко.

Силвио Берлускони, дефиниција за куроболие

Да потсетиме на едналегендарна сцена со него, кога стигнува со службена кола и Ангела Меркел, која е таму за да го пречека, ја остава да кмиши, пошто е на телефон. Замислете му ѕвонел мајсторот и му рекол дека бојлерот не се прави, а овој фатил да му објаснува дека само термостатот треба да се смени.  Е, до толку му беше до Меркел и протоколите.

Зошто е важна цврстата храна за најмалите?

Ако вашето дете на возраст за градинка ја вади корката од лебот и ја сака само средината, тоа може да изгледа како банален детал, небитен за неговото добро. Чекајте да чуете каква верижна реакција предизвикува: од растот на вилицата, положбата на јазикот, циркулацијата на воздухот, место за забите, лачењето на плунката, имунитетот до - сколиоза!. Тоа се сепак само млечни заби? Ќе чуете и за тоа.

Мене ли ми кажуваш

Лондон деновиве се кити се ЛГБТ знамиња кои треба да дојдат на место на речиси постојано присутните британски знамиња. На дел од минувачите не им е сеедно, а изгледа ниту на тие што ги местат. Во некои други времиња, остранување и фрлање нечие државно знаме се толкуваше како прогласување војна.

Фаулите на Фаучи

Од „не носете маска“ до „носете маска и глејте како се става“. Од „со вакцината сте заштитени од зараза“ до „со вакцината не сте заштитени баш скроз“, од „јас не предложив затворање на школите“ до „денес му предложив на претседателот да се затворат школите.“ Овој да беше наш, ќе се презиваше Заев или Пендаровски.

Брачни секс игри

Маж и жена разговараат за тоа малку да го размрдаат својот сексуален живот, па за почеток се договараат жената да дојде во спална облечена како медицинска сестра. Како е договорено така е и испорачано, само сега оди прибери го мажот од смеење.

Берлускони, фала ти

Кога на стартот на независна Македонија овдешниот етер беше „50 нијанси сиво“, врз него кофи бои и убавини ненадејно истури една италијанската вариететска емисија. Non e la Rai. Од 1991 до 1995 година, од две медиумски платформи на Силвио Берлускони (Медиасет и Италија 1). Њему хвала, иако тогаш првпат се прелажавме дека „шо знаеш, може еден ден и кај нас вака....“ Аха, да.