Каков рокер ќе беше Пост Малоун

Музиката која Пост Малоун ја свири и онаа му носи пари, не ја можеме баш нај-нај; хип-поп, клауд-поп, како ли и да се вика тоа (со малку јодлање и аутотјун). Ама дечкото е ултра-талентиран, без пардон. Чат пат ќе отсвири нешто рокерски и ќе сфатиш дека кога некого го бива- го бива. Кантри, уште повеќе. 

Во април 2020, Пост Малоун приреди стриминг концерт со песни од Нирвана, со бибњарот на Блинк 182, Тревис Баркер, со кој собра 2,6 милиони долари за помош на настраданите од ковид.

Претходно побарал дозвола да ги свири тие песни од ќерката на Курт Кобеин, пошто бендот до толку го поштуе што на фаца има тетоважа „Stay Away“ (наслов на песна од Нирвана).

И Крис Новоселиќ и Дејв Грол беа одушевени од свирката; Новоселиќ напиша дека тоа не може боље да се отсвири.

Неделава, со својот бенд и мал хор, Пост кај Хауард Стерн ја отсвири Them Bones од Алис ин чеинс.

Две години пред тоа, исто кај Стерн, ја изведе Better Man од Прл Џем:

Со Слеш, Чед Смит од Ред хот и Крис Чејни од Џенс Адикшн, ја збаботија War Pigs Од Блек Сабат.

Но, ако за рокенрол е одличен, чекајте да го чуете Малоун на кантри терен. Маестрален:

Нели?

23 октомври 2023 - 09:58