Дијана е родена во 2003 година, џенем, северно од Владивосток. Мајка ѝ ја има физички малтретирано и на нејзини три години, среде зима, ја остава на автобуска станица, со скршена клучна коска.
Трауматизираното дете закрепнува бавно, но со голема љубов на една масерка терапевтка, која по наговор на нејзината ќерка, подоцна ја посвојува, за да не се случи тоа монструмот од мајка да се врати во нејзиниот живот.
До пет години, Дијана едвај зборува и по идеја на логопеди и други специјалисти, за да ѝ го оправат говорот, почнуваат да ѝ даваат часови по пеење. Тука ѝ се отвораат гласните жици, и тоа како шимшир порти.
Технички кажано, Дијана комотно пее во четири октави, а знае да ја посети и петтата.
Емотивно кажано, тоа звучи вака:
На 14 години го испеа ова:
За да биде триптих, нејзината изведба на франуската Dernière danse на Индила: