Off Topic

Феѓа Штукан: Паметните веќе немаат луксуз да молчат

Дојдовме до апсурд паметните да мора да се повлекуваат и да бираат зборови за да не навредат нечија плиткоумност и суета. Дозволивме алгоритмите да станат судии, а толпата што во животот не прочитала три книги да држи предавања за медицина, историја, космос и морал. Дигитални дивјаци, вооружени со тастатури и комплетно отсуство на срам. 

Продолжение на „Баталете мајки, шајки“

Иако мојата преставка се однесуваше на дел од плажите во Струга, Инспекторатот направил вонреден инпекциски надзор на целото струшко крајбрежје, проверил 36 локации и ниту една од нив немала Одобрение за урбана опрема. Станува збор за 36 локации без дозвола. Не е можно советот на општината да ја нема оваа информација.  

Трамп се прогласи за најголем

Трамп нормализираше многу глупоштини што во некои други времиња ќе нè шокираа. Замислете, на пример, Гордана Силјановска да објави топ листа на досегашни македонски претседатели на која себе ќе се стави како најдобра од сите. Баш тоа го направи Трамп, среде нерешен Ормуски теснец и рекордни цени на гориво. Ако после Трамп не го изберат Мики Маус, нема како „нормално“ да се продолжи оваа линија на лудило.

Не баш силно светнал БДП

„Луѓе, какви 35 години!“, ќе каже Џамбазов на почетокот на спотот по повод 35 години од независноста на Македонија, како најава за караванот „Силно светнал ден“. Убаво му доаѓа на човек да се потсети на промоцијата на македонските пари, голот на Шаќири, кошаркарите во Литванија, Тоше... сето тоа со „Насмеј се и главата горе“, на Ана и Игор Дурловски. Само што, тие 35 години не беа скроз за смеење. А главата (главно) беше горе зашто ако беше поднаведната, ќе си го видевме џебот.   

На Трамп со трамповска цевка

„Да коментирам диктатор кој е крал на банкротирањето?“, потпраша гувернерот на Онтарио Даг Форд кого Трамп претходно во свој стил го испонавреди и го нарече лакеј и подлизурко. „Трамп е силеџија, од оние што ги познаваме од школо, што ќе ти ја изедат ужинката и ќе ти ги украдат парите, тоа е последниот чиовек од кој би примал совети“ со иста мерка возврати Канаѓанецот. 

Ако може вака, Скопје е веќе спремно

Пловдив беше Европска престолнина на културата во 2019 година, заедно со италијанска Матера. Имаа амбициозна програма „Заедно“ со над 320 проекти, околу 600 настани: изложби, театар, фестивали, концерти, улични уметности, проекти за интеграција (особено за ромската заедница во квартот Столипиново). Но, откако рефлекторите ќе се угасат а културата ќе си ги собере парталите, ќе останат само парталите. И Столипиново.

Поле за културни позајмици меѓу народите

Будалаштината наречена „културна апропријација“ (како нешто лошо) започна уште кога го критикуваа Елвис Присли зошто фраерски мрда со колкови кога тоа е црнечки „потег“. Концептот доживеа гротескни размери последниве години, во меурот на разбудените. Дечко белец облекува мексиканска облека и наидува на бран критики од прогресивните. Со истата облека оди кај Мексиканците, му викаат, супер си бе дечко.  

Медиумските самовили на Бајден

За заминувањето на 46-от претседател на САД, Џо Бајден, ќе се послужиме со зборовите на Мат Таиби: „Збогум, Бајден, или кој и да беше претседател изминативе четири години.“ А сакaмe да потсетиме и на моќниот медиумски хор кој до последен момент го повторуваше рефренот дека Бајден ментално е остар ко жилет, дека во подобра форма не бил... Сè додека не се реши поинаку. 

Украина масовно продава оружје на црни пазари

Такер Карлсон тврди дека половина од американското оружје кое стигнува за украинската војска, завршува на меѓународните црни пазари. Понекогаш стигнува и во рацете на мексиканските картели. Украинската војна, по него, е најголема опасност по светскиот мир не само заради тоа, туку и затоа што никој со сигурност не знае што стана со опасните материјали од био-лабораториите во Украина.

Ашер да се јави на вулканизер

По повод едно дамнешно финале на Супербол, Џими Фалон и неговиот бенд од шоуто, одличните The Roots, собраа познати фаци да ја отпеат „We are the Champions“ од Квин. Кристина Агилера, Аријана Гранде, Ашер... Особено Ашер. Помислил дека во монтажата баш тој ќе биде центриран во средината на екранот и така и се понашал. И глејте како глупо изгледа.   

Првата разделба од која боли душата

За разделбите, што привремени што трајни, се напишани безброј песни, поеми, книги, направени се филмови, претстави, насликани се дела.... А и без уметноста, секој ја почувствувал таа грутка во себе, кога се разделува од родители, пријатели, татковини.... За сè има првпат. За пинцуров, ова е тоа. И да го заборави настанот, душата ќе му ја памeти празнината. 

Плејлистата на Дејвид Линч

Штета што го немавме во Диџеи на Трендоленд бидејќи на заминатиот магионичар кој создаваше свои светови музиката му беше толку важна што цел живот флертувал со идејата да го напушти филмот и целосно да ѝ се посвети. Компилирана од бројни интервуа и од делови што се имплантирани во неговите филмови, плејлиста на неговите омилени песни. Со линкови. На онаа од Отис Рединг знаел и солза да пушти.

Каква Канада остава Џастин Трудо?

Бесплатно здравство? Ок. Во Броктон, Онтарио, конечно се отвора амбуланта. Луѓето треба да дојдат и да се запишат за да им се додели матичен лекар во нивното место на живеење. Еден дечко вика дека десет години е на листата на чекање за матичен а уште подолого од тоа не бил на лекар. А сега да го видите редот на оние кои со часови чекаат на тоа студот за да се запишат.

Украинката која ги збесна Украинците

Инстантно собра глобална популарност со нејзините ТикТок видеа како изгледа реалноста на една млада девојка која живее во украинскиот хаос. Потоа ѝ здосадило таму, се преселила во Калифорнија па помислила да го повтори истиот „рецепт за успешен контент.“ Сега се жали како нејзиното Порше е со прашина а воздухот е потоксичен од нејзиниот екс дечко. И како да не збеснат?

Како Џордан ги реши хејтерите

На почетокот на неговата глобално растечка популарност, предавањата на Џордан Питерсон беа жестоко кочени од групи млади о(без)свестени лица кои пробуваа да го блокираат, да не му се дозволи „да труе“, па доаѓаа бучни и лајави, со транспаренти и јаки пароли. Како Питерсон ги преееба? Просто. Почна да ги закажува предавањата рано сабајле. Јер „револуционерите“ сакаат да поспијат.

На феминистките ова нема да им се допадне

Од кај Роган: гугалјте ги најбогатите жени на светот. Од каде им се парите? Не им се од бизниси, кариери, стартапи. Најбогатите жени на светот успеале да се омажат и после разведат од некои ликови. Добро, во тоа елитно женско друштво постои една која беше најбогата од сите и сама работеше на своето богатство. Се вика Елизабeт Холмс и сега е зад решетки пошто тоа беше тешка измама.

Термин на новите времиња: „Забелешки од заедницата“

Како што веќе знаете, Марк Закерберг реши да ги батали услугите на платените факт-чекери и неговите платформи да се потпираат на „comunity notes“ како на Икс. Тоа се забелешки од останатите лица на платформата кои посочуваат дека нешто е лажно, полувистинито, извадено од контекст, манипулирано... Мала компилација од духовити забелешки, од рентген снимка која е орев, до тоа дека мина времето кога Тејлор Свифт можеше да го купи Кање Вест.  

Демонтажа на „експерт“

Дечкото звучи уверливо давајќи совети за правилно хранење и грешки при јадењето. Главно, да не се пие вода пред и после, за да не се разблажува стомачната киселина која треба да ја свари храната. Се повикува на објава на „официјална медицинска страница“ па преку водата доаѓа до бактерии кои го зголемуваат ризикот од срцев и мозочен удар. Ништо од тоа нема врска.

Италијанската кујна е маркетиншки трик

„Мамењето туристи е национален спорт. Им даваат срање храна и ги убедуваат дека е тоа права италијанска кујна“, храбро изјавува Алберто Гранди кој тврди дека италијанската кујна е само мит кој се буста последниве 50-тина години. Мава таму каде што најмногу боли: а) наполитанската пица не ја можеле ни оние во Неапол, б) добар пармезан попрво ќе најдеш во Висконсин и в) италијанските баби не знаат да готват. Како Алберто е уште жив, не е јасно. 

Како Оземпик ја растури лагата на освестените

Една од нуспојавите на Оземпик за која луѓе не сакаат да зборуваат е како освестените, посебно женскиот дел од нив, до последен твит ја бранеа „телесната позитивност“ додека во исто време решето се правеа со терапијата за слабеење.

„Правичноста“ на новите Пиколоминија

Џенис Квинонес е главна за водата во Лос Анџелес. По избувнувањето на пожарите, кога се виде дека вода нема, медиуми открија и дека таа со месеци знаела дека главниот резервоар е празен а хидрантите не функционираат. Но, небитно. Важно дека за Џенис, она што ја привлекло кон оваа работа и функција е социјалната кауза за правичност. Не водата. „Социјалната правичност“. Патем, Џенис има годишна плата од 750.000 долари.

Предноста на илегалата

Претставник на Албанија Екс се најде на жешко столче на парламентaрно испрашување во Англија кога го прашаа зошто негови сограѓани плаќаат по 5.000 фунти и го ризикуваат животот за илегално да го минат Ла Манш, кога можат да дојдат со евтин лет од Визер и да побара азил. Да не е затоа што кога тоа би се извело легално, би морале да бидат документирани и властите да знаат кои се и што имаат правено?

Убаво е писмото, само не е "последното на Боуви"

На крајот на 2024 и почетокот на 2025 година, на интернет почна поинтензивно да се споделува еден текст за кој се тврдеше дека е писмо што Дејвид Боуви го напишал непосредно пред неговата смрт во 2016 година. Јак, впечатлив и здрмувачки текст, сосема прикладен на Боуви и неговата вонземна супериорност над овоземните детали како што е смртта. Само што, за жал, не е тоа така.

Пожарот е вистински, не и сите снимки од него

По мрежите се мултиплицираат секакви видео снимки од апокалиптичните сцени од огнениот пекол на Лос Анџелес. Како реалноста да не е доволно страшна, некои дополнително ја загреваат атмосферата со снимки произведени со помош на вештачка интелигенција..Додуша, вистинските, автентични снимки не се ништо помалку страшни.

Кога психијатрите се искрени

На дамнешна конвенција на американски психолози, новинар ги начекува со прашање кое го доживуваат како многу забавно: Колку пациенти имате излечено? Одговорите им се барем искрени и се движат од нула до еден. Еден од анкетираните психијатри е особено директен. Вика, не мислам дек кој било ОД НАС може да биде излечен од било што. Да беа „лајфкоучови“, ќе тврдеа дека имаат 100% успех.

Закерберг: Беше брутално

Првиот човек на Мета кај Џо Роган опиша како било во ерата на пандемијата, кога цензурата беше најжестока. Ќе им се јавеле луѓе од државата и со пцуење ќе барале да се кинат содржини, дури и забавни мемиња. А кога Бајден на прес рече дека неодговорноста на социјалните медиуми убива луѓе, државни агенции тргнале во поход. Не дека не веруваме, ама, да дигнеше глас Закерберг во тоа време, па да кажеше дека не оди тоа така? Сега е лесно да се понашаш ко Илон Маск.

Трол на денот: Лијам Галагер

Апокрифна анегдота е ова, ама некако пасува со табиетот на помалиот брат од од Оазис, епската будала Лијам Галагер. Жртва во приказната е Бон Џови кој во очај помислил дека може да си ги прекине маките нудејќи му на Лијам половина милиони долари. Бадијала. Вака оди приказната, раскажана од Бон Џови.

Најбогатата држава во САД за време на пожари

Либералната, воук и прогресивна градоначалничка на Лос Анџелес, градот кој сериозно гори сосе некои од неговите најубави и најбогати делови (гуглајте Pacific Palisades), на пожарникарите од градот им го скратила буџетот за 17 милиони долари и ги пренасочила за миграција и диверзитет. Начисто ги сјебаа тие будалести квази- либерали па сега ќе видите како гасат оган. Стојанче да им го пратиме, ќе мислат Ајронмен им дошол.

(Б)анално прашање на денот

Некоја западна верзија на Проводаџија. Таа признава дека е малку чудна личност но тој ѝ се чини дека може тоа да го поднесе. А потоа девојката му кажува за себе три работи: а) дека е поранешна дадилка, б) дека понекогаш пишува поезија и в) дека понекогаш снима анално порно. Пазете го сега неговото прашање. 

Шалтерско проклетство

Го ребрачат дечкото. За нас, кои кмишиме по секакви шалтери цел живот, нема потреба од тоа. Животот доволно нè ребрачел. Она кога редот на другиот шалтер, по Марфиев закон, оди побрзо од твојот. Во некои дуќани кај што има еден долг па се двои на две каси, тоа пензионерите те тераат да се произнесеш кај ќе чекаш уште 10 метри пред да ви се раздвојат патиштата. Е не, ќе кмиши таа во неизвесност.