Кралот слуша Марли

Британскиот крал Чарлс ќе ги сподели со јавноста песните што го исполнуваат со радост и со анегдоти ќе објасни зошто тие песни се „саундтрекот“ на неговиот живот. Плеј-листата ќе биде промовирана во специјалната емисија „Кралска музичка соба“ в понеделник наутро на радиото на Apple Music.

Промовирана специјално за Денот на Комонвелтот, на збирката ќе се слушнат реге, диско, афробит и популарни ритми од Триесеттите, од музичари што оставиле силен белег врз британската музичка сцена.

Не е објавен список на автори и песни, но се спомнуваат Боб Марли, Грејс Џонс и Кајли Миног. Кралот порано спомнувал песни и од Барбара Стрејсенд, Едит Пјаф, Леонард Коен и Миријам Макеба.

Само еден спојлер.

7 март 2025 - 14:30