Off Topic

Феѓа Штукан: Паметните веќе немаат луксуз да молчат

Дојдовме до апсурд паметните да мора да се повлекуваат и да бираат зборови за да не навредат нечија плиткоумност и суета. Дозволивме алгоритмите да станат судии, а толпата што во животот не прочитала три книги да држи предавања за медицина, историја, космос и морал. Дигитални дивјаци, вооружени со тастатури и комплетно отсуство на срам. 

Продолжение на „Баталете мајки, шајки“

Иако мојата преставка се однесуваше на дел од плажите во Струга, Инспекторатот направил вонреден инпекциски надзор на целото струшко крајбрежје, проверил 36 локации и ниту една од нив немала Одобрение за урбана опрема. Станува збор за 36 локации без дозвола. Не е можно советот на општината да ја нема оваа информација.  

Трамп се прогласи за најголем

Трамп нормализираше многу глупоштини што во некои други времиња ќе нè шокираа. Замислете, на пример, Гордана Силјановска да објави топ листа на досегашни македонски претседатели на која себе ќе се стави како најдобра од сите. Баш тоа го направи Трамп, среде нерешен Ормуски теснец и рекордни цени на гориво. Ако после Трамп не го изберат Мики Маус, нема како „нормално“ да се продолжи оваа линија на лудило.

Не баш силно светнал БДП

„Луѓе, какви 35 години!“, ќе каже Џамбазов на почетокот на спотот по повод 35 години од независноста на Македонија, како најава за караванот „Силно светнал ден“. Убаво му доаѓа на човек да се потсети на промоцијата на македонските пари, голот на Шаќири, кошаркарите во Литванија, Тоше... сето тоа со „Насмеј се и главата горе“, на Ана и Игор Дурловски. Само што, тие 35 години не беа скроз за смеење. А главата (главно) беше горе зашто ако беше поднаведната, ќе си го видевме џебот.   

На Трамп со трамповска цевка

„Да коментирам диктатор кој е крал на банкротирањето?“, потпраша гувернерот на Онтарио Даг Форд кого Трамп претходно во свој стил го испонавреди и го нарече лакеј и подлизурко. „Трамп е силеџија, од оние што ги познаваме од школо, што ќе ти ја изедат ужинката и ќе ти ги украдат парите, тоа е последниот чиовек од кој би примал совети“ со иста мерка возврати Канаѓанецот. 

Ако може вака, Скопје е веќе спремно

Пловдив беше Европска престолнина на културата во 2019 година, заедно со италијанска Матера. Имаа амбициозна програма „Заедно“ со над 320 проекти, околу 600 настани: изложби, театар, фестивали, концерти, улични уметности, проекти за интеграција (особено за ромската заедница во квартот Столипиново). Но, откако рефлекторите ќе се угасат а културата ќе си ги собере парталите, ќе останат само парталите. И Столипиново.

Извози ми еден тост

Роберт Форстеман е олимписки велосипедист, од оние во сала, со бутини како балвани  (74 сантиметри), светски шампион, 95 кила. Спроти него, тостер на кој му требаат 700 вати за да згрее лепче. Да требаше вака да правиме тостови, секое сабајле ќе сркавме попара.

Зошто жените остануваат сингл

Не следува социолошка анализа на сменетите времиња и вредносни системи. Не следува патријахална критика ниту пак осуда на себичноста на жените. Следува мала и одбрана компилација на животни ситуации, за да имате полно разбирање за таквата одлука. Додуша, со рекламен мотив, ама, се важи.

Иднината на младите Американки

1,4 милиони Американки „работат“ на Онлифанс. Од нив, 1,2 милиони се на возраст од 18 до 24 години. Тоа е женска старосна група која во САД брои 10 милиони. Не треба голема математика за да се сфати дека 10 посто од младите девојки во Америка се на Онлифанс. Од друга страна се муштериите. И таму математиката е јасна. 

Аналена „се снајде“ и сама се поздрави

Шефицата на германската дипломатија, Аналена Бербок, се сретна со ребрендираниот терорист од Хајат Тахрир ал-Шам (екс Ал Каеда) кои сега ја држат власта во Сирија откако падна режимот на Башар ал Асад. На ал Џолани верата му забранува да се ракува со жена, што не е проблем за Аналена која сама си ги стисна своите две рачиња. Кога ќе ја поканат да биде почесна гостинка во каменување на некој кој го прекршил Шеријатот? 

Сите вие што мечтаете за среќа

„Маратонците го трчаат почесниот круг“ е филм кој или го немате гледано и не ве занима, или напамет му ги знаете сите реплики. Овојпат за сцената „Серем вам се у тон филм!“, кога Ѓенка првпат носи тон филм во паланката, што значи дека е загрозен позивот на Кристина (ќерка на Били Питон), која дотогаш со пијано ги придружува сцените на немите филмови. А Мирко Топаловиќ ја сака баш Кристина, која го сака и Ѓенка...

Епстин го снема од насловната за Бил Клинтон

Да нема донации додека Википедија не стана вистинољубива, порача Илон Маск споделувајќи видео во кое се открива дека некаде во јули 2024 година, едно цело поглавје за Бил Клинтон исчезнува од неговата Википедија страница. Она за неговите конекции со Епстин. Сепак, сексуалните авантури на Клинтон не се избришани, туку многу биле, па се префрлени во посебна страница. Ама, треба да се кликне за да се дојде до тие пикантерии.

Годините кои ги изеде интернетот

Како луѓето го минувале своето слободно време од 1930 до 2024 година. Опциите се семејство, пријатели, комшилук, кафани, школо, факултет... Сè има, само - од објективни причини - интернет нема. Бидејќи кога ќе се појави интернет, сè друго ќе почне да исчезнува. Тажно, ама па каде ќе ви го покажевме ова, да не беше интернетот?

Како мали Оливер ја замислуваше 2002-ра

Добро, во 1975 година Оливер Драгојевиќ не бил мал, ама бил млад, на 28 години. Пее песна за далечната иднина, која денес ни е далечно минато. 2002 година. Сè ќе биде автоматик и на копчиња, ќе се летува на Месечината, ќе има риби од Марс... Ако мислите дека се тоа се многу утки, обидете се да склопите како ќе изгледа вашиот град во во 2052 година.

Зошто маж игнорира кога жена му звоца?

Доктор Саша Тешиќ вади една теорија која ни звучи верно. Жените подобро слушаат од мажите (имаат поголем фреквентен опсег), но кај мажите, еволуцијата има развиено една друга корисна карактеристика: бидејќи звуците од околината кои се повторуваат обично не се сигнал за опасност, мажите можат да ги филтрираат звуците па оние репететитивните да ги исклучат. Хихи, стварно!   

Мравки против луѓе

Отсега кога ќе имаме некој незгоден кауч или фрижидер за протнување низ врата (ја знаете онаа ситуација, ај прво оваа страна напред...) ќе викаме мравки. Само уште да знаеме како и со што ги натерале и мотивирале овие да го пренесат предметот баш онаму. Друго е наравоучението: понекогаш џабе се мислиме супериорни за сè.  

Да загинеш е лесно, математиката е тешка

Фино спакувана порака од Малезиецот Чеонг за сите оние кои се бусаат во гради и се колнат дека се спремни да загинат за својата земја и татковината. ОК, можеби е така и тоа е з почит. Но, ако веќе се спремни на таква жртва, зошто не се спремни да учат математика, или барем да се описменат асално? За истата таа татковина.

Растурање на еден шеф на НАТО

Едниот е Андерс Расмусен, екс прв човек на НАТО (го викаат данскиот Џорџ Дуплове Буш), вториот е британскиот новинар со индиско потекло, Мехди Хасан (дипломирано на Оксфорд). За нео-нацистите од батаљонот Азов, двојните стандарди околу прекршување на повелбата на ОН... Чисто за наша Рада да знае, да не им прифаќа интервју на вакви. Што фали да си дојде на Телма?

Дечко, не е смешно

Некакво шефче во продавница брка една вработена, младо девојче, тука, на лице место, баш брутално и нечовечки. - Што направив погрешно? - Да не ти е гајле што направи погрешно. - Да знам па да се поправам. - Не можеш да се поправиш, избркана си.... Таман да фатиме мајки и шајки по него (многу нè нервира курчење над вработени и келнери), наоѓаме второ видео.   

Дишам, значи опасен сум

Алекс Њуман, новинар и едукатор: „Идејата дека CO2 ќе ја уништи планетата е смешна, но од тоталитарна перспектива, ако можете да ги убедите луѓето дека тоа е опасност, а нема човечка активност што не резултира со емисии на јаглерод диoксид, вклучително живеење, умирање, палење светло... тогаш нема пречка секој аспект од вашиот живот да се најде под регулаторна контрола на оние кои тврдат дека нè спасуваат“.

Имаат ли Кинезите такси на титка?

На Смарт транспорт Експо во кинескиот град Хангжу, свое деби имаше аеро-таксито EH216-S. За двајца патници, до 130 километри на час и до 3.000 метри надморска евисина, 16 пропелери и исто толку електрични мотори со кои во воздух може да остане 21 минута. Во Скопје, пола од тоа време ќе го потроши барајќи место кај да слета. Туку, не само коптерот, гледајте каков град е тоа!

Во длабокото

Умниот човек Владета Јеротиќ, српски психијатар, филозоф и сериозен познавач на човековата душа, викаше дека оние што од други вери преоѓаат во православие, на тоа се решаваат најчесто преку литургијата која знае да допре онаму кајшто е важно. Овде имаме еден величествен пример за тоа: архимандритот Серафим Бит - Хариби, еден од само двајцата луѓе на светот кој литургијата ја служат на арамејски јазик, јазикот на кој зборувал Исус.    

Да беше вака, уште ќе бевме четврто

Обично не пекаме да се вратиме во младоста, ама некогаш на човек па и криво му е што тие кревки години ги минал на оние неудобни и тврди дрвени столчиња какви што царуваат во нашите училишта. Е, кој го прави тоа различно? Нормално, Кинезите. Тие знаат дека и на децата, без разлика што не се натепале чорба со лук, им треба дремка. Елате да убиеме едно око пред голем одмор.

Џони Синс, слава му

Училишта и социјални центри во Украина решија достоинствено да го обележат сеќавањето на „хероите кои паднаа во битките кај Курск.“ Само што.... добронамерните тетки држеа слики од поинакви херои, оние од порно батаљонот Бразерс, великани како Џони Синс и Били Херингтон. Кој ли ги вака прелажа?

Дојде време ТРТ да го пердаши Си-ен-ен дека се дно

Директен мотив е резил репортажата што Си-ен-ен ја имаше од еден таен сириски затвор, од кој извлекоа затвореник кој долги години лежи таму и е константно измачуван, за после да се утврди дека се работи за човек на Асад, и тоа еден од поголемите крвници, па потоа да наредат уште серија резили од некогаш најпрепознатливиот новинарски бренд.

 

Смртоносен германски баг

Причината зошто не била блокирана улицата на која се случи терористичкиот напад на божиќниот пазар во Магдебург е затоа што по германски правила и закони тaa е за трамваи и на нејзе никако не е дозволен сообраќај со автомобили. И за Германците е природно да очекуваат дека тоа секој ќе го почитува.

Шазамнување на Дилан

За разлика од трибјут музиката во кои песните добиваат поинакви гледања од самите изведувачи, филмската музика се обидува тие да звучат што поблиску до оригиналот. Токму таков е саундтракот за претстојниот филм за Боб Дилан во кој главниот глумец, Тимоте Шаламе (Дина, Вонка, Call Me by Your Name...), добро го скинал специфичниот манир на Дилан. Не е скроз како оригиналот, ама па тоа е и невозможно. 

Власи и Галичани се растурикуќи за Холанѓаните

Ако некому позајмиш пари или платиш нешто за него, преку апликација му праќаш „тики“ за да го потсетиш и да ти плати. Дотука добро. Женава изела две банани кај некого ДОМА. Бам - тики! За едно евро! Во ресторан со пријателка заедно ја платиле сметката, ама пријателката платила за она мало кесенце мајонез. Бам - тики! Да се раздужат 20 центи за мајонезот. Какви скаперници! После, имале. Како бе да немаат?

Германијо, опрај се

Германската полиција деновиве беше видена како ревносно ги „обезбедува“ божиќните пазари во земјата така што полицајци претресуваа торби на тетки и бабички и им конфискуваа швајцарски ножиња ако им најдеа во чантите. А потоа на полниот панаѓур во Магдебург, со БМВ улета 50 годишен лудак од Саудиска Арабија (кој, патем, да ти бил психијатар). Негде грешат во приоритетите, нели?

Путин му понуди азил на Зеленски

Според Путин, украинскиот претседател веројатно ќе биде вдомен од некој од неговите западни сојузници, но ако до таму му дојде зорт и Русија би го прифатила како политички азилант.