Off Topic

Коста Бургов има две солзи. Замрзнати.

После долга пауза, карактеристична за автори кои внимаваат на квалитетот (Ник Кејв, Боб Дилан...), еве ни го пак струмичкиот билбил. Песната почнува како да ќе грмне некој Далматинец од типот на Мишо Ковач но Коста ќе ја локализира и омекне со својот лирски вокал. Филозофска е, за смислата на животот, успехот... па и за смислата на самата физика: иако солзите биле замрзнати, тоест во тврда агрегарна состојба, тие сепак протекле низ неговото напатено лице „полно со неизвесности.“     

Лесни пари за лесни луѓе

Овде луѓе се заглавени по кладилници и мања-веча, но, во светот, главен муабет за комарџиски рефлекси се таканаречените пазари за предвидување во кои се влезени големи пари и бизнис империи (Трампови и други). Најголем меѓу нив е Полимаркет, бизнис проценет на 15 милијарди долари. Анализирале 1.100 видеа за да докажат дека за да с'скаат народ, Полимаркет плаќа за видеа со фејк добивки.

Екс Југославија како расадник за Светско

Иако просторите на поранешна Југославија имаат население кое изнесува само 0,2 проценти од светската популација, фудбалерите со етничко потекло од овие краишта прават 7,6% од играчите на Светското првенство во фудбал 2026 година и играат во дури 28% од присутните репрезентации.

Кога државник си ја почитува земјата, и империите знаат да се повлечат

Да ви раскажеме една епизода од богатиот политички и државнички живот на Ли Куан Ју, човекот кој се смета за татко на модерниот Сингапур која објаснува зошто тој се смета за еден од најголемите државници во 20-тот век. Личниот интегритет на еден лидер не е само квалитет кој важи за него, тоа е и капитал кој тој го вложува во градењето доверба и долгорочна успешност на една нација.  

Што се мисли таа Каталонија?

Во Каталонија (формално, Шпанија) некој продава имот со куќа, лозје и пар дребулии. Цената е мрсничка, 825.000 евра, но, почекајте ви кажеме што сè следува во таа цена па подоцна сами направете споредба со цените во Скопје и другите наши „велелепни“ средини.

И за висината ли лажеше бе, стари?

На њујоршката возачка дозвола од 2012 година, на негова 66 годишна возраст, наведено е дека Доналд Трамп е висок 187 сантиметри. Подоцна изгледа се има извишено па последниве години службите инсистираат дека е висок преку 190 сантиметри. Деновиве се сретна со лидерот на сенатското мнозинство Џон Тун кој е висок 193. Што значи дека разликата  меѓу нив би требало да биде само три сантиметри. А скоро цела глава е.

Дечурлана на вечера од 220 долари (од човек)

Шест второоделнчиња од основно во Бруклин ги носат на вечера кај Даниел, еден од најлуксузните ресторани во Њујорк. Вечерата е составена од дегустирање на 7 различни јадења од ресторанот, со ред од предајдење до десерт. Нивна оценка - репете од десертот.

Подарете ебола

Иако до божиќното шопинг лудило има уште два ипол месецa, добар дел од западните трговци уште сега се кладат дека главна тема на овогодинешните подароците може да биде смртоносниот вирус.

20 најдобри стендап шоуа на сите времиња

Стендап-от (во Америка) почнува да добива на популарност некаде кон крајот на 70-те. Во тоа време специјалкитe се сметаат за врвното достигнување на секој комичар. Така останува и до денес (со малку разнишан статус на "врвноста" на секое стендап шоу). Ова се 20-те најдобри, некои ги имаме комплетни, од некои само исечоци, па ќе треба да ги побарате по торенти.

Професионално јадење ќотек

Компилација со ММА тепачи од клучните моменти кога само едниот останува на нозе, а другиот неприкосновено се приковува за патос. Без нечкање и танцување по терен, чисти нокаути.

Магарешка пропаганда

Ова видео ќе го видите деновиве на разни страни и главно ќе биде насловено "Американски дрон на видео снимил војник на Исис како ебе магаре'. Прашања од здравиот разум: - Колку дронови наоколу снимаат луѓе како имаат секс? - Како знаат дека црепов е баш член на Исис? - Ако снимката е автентична, нели Бредли Менинг за објавување воен материјал попи 35 години затвор? 

Икеа без штрафови

Производите на Икеа беа лесни за склопување пред 30-тина години, кога луѓето генерално беа повешти со алати. Затоа, шведскиот производител почна да се прилагодува на денешните трупови чиј мајсторлук се сведува на скролање со прст по екран.

Кај Летерман настапи виртуелна гостинка

Опишана како „компјутерски генериран вокалоид", Хацуне Мику има одржувано дури и концерти во „родната" Јапонија. Но вчера прв пат настапи во големо телевизиско шоу, и тоа кај Летерман. Ете, и тоа се случи.

Нема уште долго да се смееш

Обама во Тајланд на средба со премиерката Јинглук Шинаватра. И Мишел беше со него. Неколку месеци по посетата Шинаватра повеќе не е премиерка на земјата. Како пријателите да не можеле да ѝ кренат кога ги барала.

ЕмПеТројки за вас прекрасни луѓе

На ЈуТјуб ја наоѓаш песната што ти се свиѓа и линкот го пастираш на сајтов. Ентер. На следниот прозор со лев или десен клик (зависи кој ви фати) кликаш на "Download MP3". Толку, ЕмПеТројката ти е на десктоп.

Возачите што го видоа сопствениот погреб

Неколку луѓе (сите башка-башка) се договараат да се видат со другари. Заедничко за сите овие што ќе ги видите е што имаат по неколку казни за пребрзо возење. Веројатно после ова, веќе нема да имаат.

Препотентни дрва на модната писта

Модна недела Милано. Како што е ред сите дизјанери, стилисти, модни блогери и секој што некогаш отворил Пинтерест или Тамблр, е дојден на неделата. Секој е дојден со свое непогрешиво мислење и секој без право да каже - не сум чул.

Ерупцијата на Онтаке во една слика

Немонтирана, фотошопирана и како и да е на друг начин гибната фотографија од првите спасувачи кои пристигнаа во еден храм на планината Онтаке, по ерупцијата на вулканот. Сето сивило што го гледате е вулканска пепел.

Искулиран како руски сепаратист

Човекот излезен на цигара и збори нешто за телевизија, а они гаѓаат со ракети и гранати. Па не е во ред бе другари.

Кога Курт Кобеин се разнесе со сачмарка?

Кога неговата сопруга отишла да се тушира. А кога се туширала, сакала да пее. И после толку години туширање, Кортни Лав денес звучи вака:

Што ли се случи онојпат?

Со денови ќе си ја врти приказната од супермаркетот и по некое време ќе си помисли дека тоа воопшто и не се случило. Hello darkness my old friend.....

Бен Афлек против Бил Мар

Интересен судир во либералниот дел од американскиот спектар на мислења: Бил Мар смета дека Исламот во моментов е главната матица која произведува ставови и практики против основните човекови права и дека е тоа единствена религија која се однесува како мафија, во стилот "ќе те убиеме ако кажеш нешто погрешно." За Бен Афлек тоа е расизам.

Карл Пилкингтон е гениј

Човекот има проблем со слоганот "Question Everything" на Сајанс каналот. Необорливата логика му е - не прашувај сè, прашувај тоа што те интересира. Сака да каже, не може исто да се однесуваш на кафе, и кога на доктор ќе ти речат соблечи панталоните и наведни се.

Гаџети за на точак

Доаѓа шугаво време за возење велосипед: ладно, мокро, кал... Ама, ќе си купите некој од овие фини гаџети и од што ви е мерак, ќе си ја продолжите сезоната.

Утринска песна за шампиони

Не е лошо со оваа песна да ви почнува секое сабајле. Јер со самото слушање на оваа песна, веќе ви се случило најлошото што може да ви се случи па онда денот може да тргне само на подобро. Без заебанција, ова стварно боли.

Бил Мареј го пее Боб Дилан

Ако некогаш сте го слушале татко ви како масакрира некоја песна (ни крива, ни должна), тогаш се' ви е јасно. Само овој пат го трпите Бил Мареј.

Сам себе го терцирал

Грлото е инструмент создаден да произведува по еден тон во единица време. Но, има луѓе кои го имаат хакнато инструментот и тоа звучи фасцинантно.

Што ли е полошо?

Како изгледа спој на две ужасни работи од две различни декади: домашна журка од 90 -тите години и хит од новото време.

Од пиво до амеба

Пивото е производ на соработка меѓу повеќеклеточно животно наречено човек и една едноклеточна габа наречена квасец. Двајцата потекнуваат од ист организам. Откако се одвојуваат, секому од нив му треба огромно време да се развие, но, откако го завршуваат тоа, многу брзо повторно се наоѓаат.

Што не прави Дејвид Финчер?

Запрашан да го опише својот процес на работа, режисерот објаснува дека тајната не е во тоа што го правиш, туку во тоа што не го правиш. Ова е процесот на Дејвид Финчер.