Off Topic

Лесни пари за лесни луѓе

Овде луѓе се заглавени по кладилници и мања-веча, но, во светот, главен муабет за комарџиски рефлекси се таканаречените пазари за предвидување во кои се влезени големи пари и бизнис империи (Трампови и други). Најголем меѓу нив е Полимаркет, бизнис проценет на 15 милијарди долари. Анализирале 1.100 видеа за да докажат дека за да с'скаат народ, Полимаркет плаќа за видеа со фејк добивки.

Екс Југославија како расадник за Светско

Иако просторите на поранешна Југославија имаат население кое изнесува само 0,2 проценти од светската популација, фудбалерите со етничко потекло од овие краишта прават 7,6% од играчите на Светското првенство во фудбал 2026 година и играат во дури 28% од присутните репрезентации.

Кога државник си ја почитува земјата, и империите знаат да се повлечат

Да ви раскажеме една епизода од богатиот политички и државнички живот на Ли Куан Ју, човекот кој се смета за татко на модерниот Сингапур која објаснува зошто тој се смета за еден од најголемите државници во 20-тот век. Личниот интегритет на еден лидер не е само квалитет кој важи за него, тоа е и капитал кој тој го вложува во градењето доверба и долгорочна успешност на една нација.  

Што се мисли таа Каталонија?

Во Каталонија (формално, Шпанија) некој продава имот со куќа, лозје и пар дребулии. Цената е мрсничка, 825.000 евра, но, почекајте ви кажеме што сè следува во таа цена па подоцна сами направете споредба со цените во Скопје и другите наши „велелепни“ средини.

И за висината ли лажеше бе, стари?

На њујоршката возачка дозвола од 2012 година, на негова 66 годишна возраст, наведено е дека Доналд Трамп е висок 187 сантиметри. Подоцна изгледа се има извишено па последниве години службите инсистираат дека е висок преку 190 сантиметри. Деновиве се сретна со лидерот на сенатското мнозинство Џон Тун кој е висок 193. Што значи дека разликата  меѓу нив би требало да биде само три сантиметри. А скоро цела глава е.

Лионел Меси е статистичка аномалија

Перформансите на аргентинскиот фудбалски патријарх во голови и асистенции толку остапуваат од нормалната крива на дистрибуција што кога просекот на висината на луѓето би изнесувал 1,75 метри, Меси би бил висок над 2,30 метри. Веројатно никогаш во животот нема уште еднаш да видиме таков феномен, во која било област.     

Дечко, имаш карта?

Ако е вистина дека "карта е курва", тој е суверен сопственик на ланец бордели.

Човекот кој знае три вселенски јазици

Вие можете слободно да го сметате за луд, ама, без него, како ќе знаевме дека плутонскиот јазик всушност звучи како Унгарец кој држи аукција во Тексас?

Како да идентификуваш нарцис?

Прашај. Сериозно, само прашај. Прав нарцис никогаш нема да ти сoкрие или па да се срами.

Пица од 1 долар и од 1.000 долари

Две пицерии, двете во Њујорк, двете со различен бизнис план, а и генерално став кон животот. Ако се фатите за техникалии (да овие ја продаваат на парче 1 долар, овие цела за 1.000), комплетно ја утнавте поентата.

Тато бе, океј е

Нема нешто што може да те утеши после пораз. Ама тоа е само затоа што меѓу тоа нешто, не си ја предвидел ќерка ти.

Ако веќе имаш дрон

Две видеа од две сосема различни употреби на популарните летала.

Ронда Роузи поручуе

Неколку совети околу жените за жените, шамарање за тие што јадуваат околу жени со мускули и генерално здрав став околу животот.

Мали места за големи ќеифи

Триесет преубави мали и живописни места за живеење расфрлани по светов. Спојлер: ја нема Каменица.

Детето што никогаш не ги врати тавчињата во шкаф

Не, не стана Ентони Бордејн, туку стана Дарио Роси, тапанар на се и сешто за кое некогаш си јадел заушки од мајка ти. Од сите овие тави, тенџериња и тигани, Роси вади сериозно бесно техно.

Муслиманките нема кој да ги брани

Социјален експеримент кој открива колку е е светот станат лицемерен и глуп. Како реагираат луѓе кога маж удира жена облечена како муслиманка, а како кога е таа во западна облека. У основа, ако ти иде на нерви жена ти, тури ѝ еден црн чаршав, шутирај ја по улица и немај гајле.

Натали меѓу нив

Натали Башоска е 20-годишна девојка, родена во Пештани, а моментално расте во Њујорк. Во Њујорк е затоа што веќе втора година студира филмска режија и фотографија. Ова е нејзиниот краток филм од прошетката низ Кинескиот кварт.

Ова е многу глупо, ама добро

Не се препорачува за луѓе со сочувствителен стомак што не можат да гледаат други како повраќаат (да бидеме на чисто, такво нешто нема да се случи). Стивен Колбер, Емили Блант и дуел во лажно повраќање.

Совети од луѓе со стаж за давање совети

Луѓе на возраст над 60 години споделуваат дел од работите што имаат да им ги кажат на дупло помлади од нив. Што се однесува до нив ако сакате слушајте ги, ако не ним исто им се фаќа.

Најнеселфи на денот

Фотографија од оние времиња година кога немало логика секој поединечно да се слика. А уште помалку да имате стап за селфи.

Наместо Божиќно моронче

Затоа што секој кој не покането ти ѕвони на врата, не заслужува ништо подобар третман (пошто со нетрпение седам пред врата и чекам ти да ми заѕвониш за да ти одговарам на прашања).

Новинар на колена

Еден израелски специјалец му демонстрира на новинар на српски Телеграф како со два прста еден напаѓач или друг вид агресивен кретен може да биде доведен "во состојба на послушност". Ок, Сарма, знаеме дека ти овие работи ги знаеш.

Да бидеме искрени....

Господ се одзива на молењето на една жена чија животна љубов е на пат да умре под една карпа и се симнува од својата небесна резиденција. "Ќе ти исполнам една желба, која е таа?" прашува белокосиот и во оваа прилика косоок старец. 

Поезија за озбилно

Бидејќи одамна нè гризе совест зашто ретко објавуваме поезија на ова место, одиме веднаш со двојна доза. Поетот Слободан Стевановиќ ги рецитира своите песни "Проститутка" и "Наркоманка". Освен морничавата сериозност со која поетот ги кажува своите стихови (не е тоа необично за тој ков луѓе; сте виделе ли како изгледа промоција на македонска поезија?) навистина не би знаеле што посебно да издвоиме. Освен можеби дека прво ќе ја слушнете "Проститутка" а потоа и "Наркоманка".  

Провери се колку си без слух

Кога на тест ќе завршиш во најдолната можна група, ќе сакаш и другите да го пробаат чисто да видиш дали може да си ја смириш совеста со колективна неспособност или навистина немаш слух. Треба да ислушаш два аудио примерока и да оцениш дали се идентични или не, и така 30-на пати.

Во одбрана на стапот за селфи

Како и за други работи, важно е како се користи.