Off Topic

Кога државник си ја почитува земјата, и империите знаат да се повлечат

Да ви раскажеме една епизода од богатиот политички и државнички живот на Ли Куан Ју, човекот кој се смета за татко на модерниот Сингапур која објаснува зошто тој се смета за еден од најголемите државници во 20-тот век. Личниот интегритет на еден лидер не е само квалитет кој важи за него, тоа е и капитал кој тој го вложува во градењето доверба и долгорочна успешност на една нација.  

Што се мисли таа Каталонија?

Во Каталонија (формално, Шпанија) некој продава имот со куќа, лозје и пар дребулии. Цената е мрсничка, 825.000 евра, но, почекајте ви кажеме што сè следува во таа цена па подоцна сами направете споредба со цените во Скопје и другите наши „велелепни“ средини.

И за висината ли лажеше бе, стари?

На њујоршката возачка дозвола од 2012 година, на негова 66 годишна возраст, наведено е дека Доналд Трамп е висок 187 сантиметри. Подоцна изгледа се има извишено па последниве години службите инсистираат дека е висок преку 190 сантиметри. Деновиве се сретна со лидерот на сенатското мнозинство Џон Тун кој е висок 193. Што значи дека разликата  меѓу нив би требало да биде само три сантиметри. А скоро цела глава е.

Лионел Меси е статистичка аномалија

Перформансите на аргентинскиот фудбалски патријарх во голови и асистенции толку остапуваат од нормалната крива на дистрибуција што кога просекот на висината на луѓето би изнесувал 1,75 метри, Меси би бил висок над 2,30 метри. Веројатно никогаш во животот нема уште еднаш да видиме таков феномен, во која било област.     

Во Битола би го викале Темнио

Меланoтан II е синтетички пептид аналоген на природниот хормон кој го имаме. Развиен е во 1980-тите години на Универзитетот во Аризона како средство за потемнување на кожата без потреба од долго изложување на сонце. Не е одобрен од ниедно регулаторно тело но се продава нелегално а се инјектира поткожно. Изгорен од желба да биде потемнет, еден цреп го користел цели 17 години, за да сподели слики „пред и потоа“. 

Трамп е првиот американски претседател победен од едноклеточен организам

Фамозниот рефлектирачки базен на Трамп за кој пукна околу 15 милиони долари (дадени со директен договор, без тендер и наддавање) позелене од алги и почна да се лупи. Тврди дека некој со нож го има сечено. Кој доаѓа бре со нож за да сече бетонски базен? Ене ги, сега околу него ставаат огради „против вандали“.

Загатката на Ајнштајн

Наводно ова зло е креирано од Ајнштајн, и наводно само 2% од светската популација може да го реши. Во основа имаш 5 куќи со различна боја, во која живее човек од различна држава, со различен миленик, пие различен пијалок и пуши различни цигари. Ти треба да дознаеш кој од нив 5 чува риба. Имаш 15 ставки што треба да ти помогнат. Зошто зло? Почни да решаваш, па само ќе ти дојде.

24 минути Џон Оливер за Доналд Трамп

Емисијата на Џон Оливер трае 30 минути, 23:49 од овие 30 беа посветени на новиот американски претседател, што до некаде е разбирливо ако се им предвид дека му го собира уште од пред изборите бидејќи минатата сезона му заврши на 13-ти ноември, една недела пред изборите. Почна 4-та сезона.

Мрачната страна на среќата

Една уникатно данска дилема: ако Данците се на прво место во светот по среќа и задоволство од животот (а се, според најразлични истражувања), зошто тогаш не се на последно место по бројот на самоубиства? Една од причините е што е многу поголем товар да живееш несреќен, во место каде што сите се среќни. Ама има и друго.

Оскаровскиот говор на Џо Пеши

1991 година, доделување на престижните награди на американската филмска академија. Во конкуренција на Ал Пачино и Енди Гарсија, Оскарот за најдобра споредна улога ја добива Џо Пеши, за улогата во филмот Goodfellas. Го слуша своето име, станува и одржува говор како сè уште да е Томи ДеВито, само на условна казна чие прекршување би му донел доживотен затвор.

Здравиот хејт на Бил Бур

Нема еднаш Бур да се има појавено кај Конан а тоа да не биде урнебесно добро. На пример кога ја закачи Опра и нејзината лажна вџашеност од „социопатот на точак“ Ленс Армстронг.

За германцките работи

Старата лекторска изрека гласи "цела среќа што не се родивме во Германија". (А ако ја немаат оваа изрека треба под итно да ја воведат!)

Вицови „удри и бегај“

Има комичари како Луис СиКеј кои имаат префинета структура на своите приказни (види „Анатомија на еден виц“). Милтон Џонс е поинаков. Кај него има само премиса (нафрлување топка) и штос (забивање). И цар е во тоа. 50 минути луцидни набаценки и забивања.

Колку луто може да издржи Рики Џервејс?

Британецот во формат во кој гостинот пробува пилешки крилца, спремени со различни дози на лутина, од умерени па сè до оние кои носат име „Зомби Апокалипса„ или „Мега смрт“. Попат и пикантни муабети за религијата, кретените кои го следат на Твитер а се нервираат од него (примерот кој го дава за споредба треба бескрајно да им се повторува на такви твитерџии), ќелаицата на Карл Пилкингтон и друго.

Аристократскиот циркус на британскиот парламент

Она што сфативме од видеото е дека во британскиот парламент имаш право да му се дереш на противникот, исто како што противникот има право да ти се дере на тебе, додека во исто време сите што не се на говорница имаат право да ти дофрлуваат и да навиваат, ама во моментот кога спикерот на парламентот ќе стане од столче, секој присутен има право само на апсолутен молк. Само да приметите како премиерката Тереза Меј чучнува со стравопочит.

Последните видеоснимки од Ниче

Видеозапис од последните денови на Ниче, откако германскиот филозоф доживеа комплетен ментален колапс, тоест полуде. Нема ништо шокантно во снимките, па сепак се тажни и некако длабоко вознемирувачки.

Судија на денот

Без помпа и надмени јуристички паламудења, судија кој не заборавил дека пред себе има и луѓе, а не само закони.

Време е за пролетно копање

Досадната зима полека се повлекува а вредните раце на македонските урбани земјоделци едвај чекаат да ги засукаат ракавите и да ја подготват својата бавча за предизвиците на повисоките температури. На здравје копање и афтер копање.

Раде Шербеџија за „Пред дождот“

„Пред дождот“ дојде како Deus Ex Machina, да ми го спаси животот. Тоа е вистината.

Охрид експрес

Некаква прастара македонско-британска репортажа од 1972 година по повод "охридскиот" воз што проаѓа 60 километри за 3 часа, чиј главен лик е железничарот Петре, неговите филозофски дилеми и зенот и идилата што се вика живот во Охрид во 70-те.

За Бугарија, барем во први десет

Бугарија го продолжува финиот европски тренд на успокојување на новиот американски претседател, покажувајќи ги убавините на својата земја и тоа ѓубрето од држави што ја опколуваат оваа убавина.

Ханс Рослинг 1948 - 2017

Ние го памтиме по два совети: 1. "Немој да ги користиш медиумите за да го разбереш светот" и 2. "Не смееш да се споредуваш себе си со Швеѓаните... мора да имаш поголеми амбиции во живот." Светот го памети Рослинг како доктор, професор на Каролинска Институтот, автор на неколку книги, говорник на ТЕД, гуру за статистики, член на Шведската академија на науки и голтач на мачеви. Рослинг почина 7 февруари, една година откако му беше откриен рак на панкреасот.

Научи да свириш гитара како да играш Гитар хиро

Нешто слично како што за Гитар хиро имаш посебна гитара со неколку копчиња што ги стискаш, тука имаш лента со лед сијалички што ја закачуваш на твојата гитара. За разлика од игрицата каде гледаш на екран што треба да стиснеш, тука лентата ти светка која жица и каде треба да ја држиш. Изумот се вика Фрет Цепелин, се врзува безжично за твојот мобилен за да избереш која лекција да ја учиш, и сето ова изгледа како стварно да фунционира.

И глуп да си, белец да си во Америка

"Отворено носење" (open carry) e правото на сопствениците оружје да го носат истото без да го кријат, на пример да го опнат на рамо или на половина, наместо под палто. Ликов не само што практикува отворено носење, туку на себе има обесено Калашников и пиштол, на глава има ски маска, а целата оваа "масакр во најава" аура ја надополнува со панцир. Се што треба да знаете за ликот е дека реши таков да влезе во полициска станица да поднесе некоја жалба. Којзнае зошто ова никогаш не му паднало на памет на црнец или Арап во Америка.

Хрватска, трета

Согласни дека Америка е прва, а решени да ги остават Холандија и Германија да одлучат која ќе биде втора (или ќе се менуваат), Хрватите се спремни да бидат трети.

Денот на пребарувачот

Екозија е интернет-пребарувач. Го пребарува интернетот како и сите други машини од тој тип. Само што приходот што попат го генерира од својата основна дејност и донациите, Екозија го наменува за садење дрвја. Досега преку 6 милиони. 

Акцентот на Берни Сандерс

Фина анализа на говорот на Берни, во која се мапира првенствено неговиот њујоршки акцент, но и работничкото потекло и еврејската жичка во него. Не, тоа не значи дека ако си девојка од Скопје, може да кажеш: Лиле беее, куга ќе дојде прулет?

Далеко е Сеул

Ниту еден извештај од ниту една организација не може да ти здрви таква цивилизациска заушка како кога ќе видиш како реагираат обични луѓе во реална ситуација во некој друг дел од светот, без тоа да биде кореографирано. На пример, сообраќајка во тунел во Јужна Кореја.