Вчера објавивме линк до статија од Хафингтон во која авторот наведува 40 (вака аматерски гледано) очигледни пропусти во приказната од последното продолжение од Ѕвездени војни. Денес се покајавме. (Нормално - спојлери!)
Што во новата година за себе и оние околу себе посакаа Петре Прличко, Оливер Мандиќ, Драган Џајиќ и други познати лица на тоа време. Од сите тие нивни убави желби и надежи за престојната 1991-ва година, историјата ќе забележи главно дека тоа беше година во која се распадна нивната држава и започна крвавата Трета Балканска Војна.
Мет Дејмон во вселена, Мет Дејмон пак во вселена, Мет Дејмон во Втора светска војна, Мет Дејмон во иднина. Кај и да отиде, треба некого да праќаме да го спаси. Човеков седнал да пресмета колку чини сето тоа спасување.
Ок, пошто углавном гледам три типа ликови околу - новокомпонирани, (колку толку) нормални и авангардни, и со оглед на тоа дека новокомпонираните се апсолвирани во повеќе наврати, ред е малку да се осврнеме на авангардата.
Интересен детал од предговорот на книгата "Разговори со Смоје" на Борис Дежуловиќ, неодамна промовирана и во Скопје. Млад и бунтовен, Дежуловиќ му оди на својот некогашен новинарски и секаков друг херој Миљенко Смоје, за конечно да го расчисти прашањето зошто oвој молчи во време кога не смее да се ќути.
Познатиот ултра смешен песимист Дејв Бери ја напиша својата редовна рецензија на годината што изминува. Како и секогаш, полна му е со лоши работи а насловот на текстот е: "Најтажно од сè е што ништо не измислуваме"
Веројатно едно од најголемите воајерски задоволства што може да го имаме од чепкање на нечиј мобилен е да му ја разгледаш листата на аплицкации во надеж дека со нешто спектакуларно што ќе те освежи (неспоредливо најголемо е да ги ѕирнеш букмарксите). Ова се 21 тешкаш од ИТ светот, што одлучија да го споделат својот "home screen."
Ние толку се имаме изнаслушано за зиберчиња, фокусчиња, светленца, блендички и слични фотографски аксесорис, што треба бенифициран стаж да ни уплатат од Фотографски сојуз на Македонија или кој и да е надлежен. Ова е за оние кои биле поштедени од вакви предавања.
Почетната точка за која сите се согласуваме е дека никој не го разбра крајот на Интерстелар, затоа што 5-димензионален простор не е нешто што е за разбирање. Ова е обид да ни се објасни крајот. (Ако некој ти го објаснува крајот на филмот, многу е логично дека ќе има спојлери.)
Еден мал пасаж од интервјуто на српскиот уметник Урош Ѓуриќ за белградско Време (во платената верзија) за тоа дали е поголема штета кога уметниците молчат или пак она што излегува од нив кога ќе отворат уста.
Предизвикот е човечки да објасниш зошто множењето на два минуса дава плус. Два одговори, два различни пристапи, и двата човечки разбирливи и за во учебник.
Песна за сите (не)времиња на маестро Борис Дежуловиќ. Доволно е глуп човек да најде некој дневен повод за нечие злодело па да ја започне оваа бројаница која вонсериски ефектно си игра со, на овие простори, омиленото домино на вината. Тизер за шабани: овој таканаречен автор тврди дека Македонците им палат села на Албанците а дека Албанците, тие ебени Шиптари...
На 9-ти ноември 1989-та година започна рушењето на Берлинскиот ѕид. Имаме еден фин гиф за потсетување, 26 години подоцна, кога некои идеи за ѕидови повторно се враќаат на историската клацкалка.