Дејв Бери ја рецензира 2015.

Познатиот ултра смешен песимист Дејв Бери ја напиша својата редовна рецензија на годината што изминува. Како и секогаш, полна му е со лоши работи а насловот на текстот е: "Најтажно од сè е што ништо не измислуваме"

Некогаш нè обвинуваат  - верувале или не - дека сме претерано негативни кога на крајот на декември ја сумираме годината која изминува. Критичарите ни велат дека ги игнорнираме позитивните настани во годината иа наместо тоа се фокусираме на трагичното, злобното, одвратното, Кардашиани.

Океј, критичари, ве слушнавме. Оваа година, наместо вообичаеното осврнување кон негативното, ќе ја започнеме годинешнава рецензија со: "ТОП 10 добри работи што се случиле во 2015!"

Подготвени? Одиме:

1. Оваа година не слушавме толку многу за Бу Бу.

2.

Океј, ќе мора вие да ја завршите листата од 2 до 10. Се извинуваме, ама 2015 имаше толку негативни работи што имаме проблем да ги видиме позитивните. Тоа е како да сме на Титаник, бродот е навален под агол од 85 степени, пропелерите му се надвор во воздух, сите панично се држиме за оградите но во себе си викаме: "Барем нема гужва на терените за боќање".

Дали тоа ние велиме дека 2015-та е најлошата година од сите? Дали со тоа ние всушност викаме дека, на пример, таа е полоша од 1347 година кога од чума испоумре добар дел од човештвото?

Да, тоа викаме.

* Остатокот од колумната на Дејв Бери ја имате овде.

*************************

* Негова рецензија за 2012-та имате тука

* Текст кој ви препорачуваме да го читнете е:
"19 работи за кои ми требаа 50 години за да ги сфатам"

24 декември 2015 - 12:22