Луѓе на возраст над 60 години споделуваат дел од работите што имаат да им ги кажат на дупло помлади од нив. Што се однесува до нив ако сакате слушајте ги, ако не ним исто им се фаќа.
На женски семинар ги прашале кога последен пат им рекле на своите мажи дека ги сакаат. Некоја вчера, некоја пред 10 дена, некоја не памти. После им рекле секоја да прати СМС до својот и да му каже дека го сака. Што добиле како одговор?
Својата мудрост ја расфрлавме на избори, Својата храброст на измами и бедотии, На иднината ѝ ги затрувме сите извори, А поразите ги прогласивме за победи.
Во време на "се' е убаво, ама логото да го направиш поголемо" нарачки за дизајн, Мерцедес вади кампања за оригинални делови за Мерцедес, со порака "Еден дел од тебе повеќе не е Мерцедес-Бенц", во која успева да постигне сосема ново ниво на суптилност. Ајде на повеќе, да се проверите.
Интернетот е преполн со совети што да направите наутро и како да го почнете денот. Сите главно околу тоа како да го наштелувате своето тело. Пола лимон со топла вода заради регулација на ПХ вредноста, варени јајца за забрзување на метаболизмот... А ПХ вредноста на душата, а метаболизмот на раатот? Марко Аурелије има да каже нешто на оваа тема.
Затоа што веќе никој не сурфа на интернет, туку само отвора Фејсбук / апликации, фино е од време на време да се освежиме со вакви листи што ќе потсетат на меракот на наоѓање на нова веб-страна.
Самите уредници на Економист признаваат дека за мала земја (Грција ја сметаат во мали) реткост е воопшто да се појави на насловна страна на магазинот. Од мај 2010-та до денес, ова на Грција и успеало 8 пати.
Кога пристигнав во Нов Зеланд за да почнам да снимам како Гандалф, во првата недела од 21 век, Питер Џексон организираше вечера за неколкумина од актерите. За среќа седев до Кристофер Ли, кого го почитував целата моја актерска кариера. Тој беше ангажиран како белиот волшебник Саруман, но неговата прва реченица кон мене беше: „Секогаш мислев дека јас треба да го играм Гандалф. Ја читам Господарот на прстените секоја година, понекогаш и по два пати".
Ако до сега не сте го гледале филмот, тоа сметајте го за една од најголемите грешки за вториот квартал од годинава (и најдобро да ја поправите под итно). Ако сте го гледале, вака изгледа филмот пред на него да седнат луѓето за компјутерски ефетки. Да се навратиме на првиот дел од воведот, сериозно, оди да го гледаш!
Во последната емисија на Кавервил, Драган Б. Костиќ пакува "музички омаж" за еден од "големата четворка македонски композитори" - Димитар Масевски. И двајцата заслужуваат ова да се чуе.
Бунтот е некаде помеѓу "не пукнавте со среќниве брендови" и "можеби не сте толку тажни колку што ве цртам, ама па и не сте толку среќни што се цртате." Дело на Адам Курц (@adamjk), а изборот е по нарачка на твитерџии.
Можеме само со благ кикот да се надеваме дека ова е автентично - судски документ од 19 век кој истовремено е лингвистичка пуслица, а кој доколку би бил пишуван денес сигурно би содржел непотребно коректни фрази од типот „биле фатени во извршување на полов однос". Тука тоа просто се вика „јебачина".
Додека стигне книгата за подемот на дотком милијардерот, низ неколку цитати за ставовите на Елон Маск за девојките (им треба 10 часа внимание неделно) и за електричните автомобили (тие бараат многу повеќе).
Има вистини што имаат рок на излупена банана - темнеат по само неколку часа од нивното изговарање. Но има и такви кои се безвременски, а нивната тежина се зголемува со секој божји ден. Брус Ли знаел по нешто за нив.
Пред кратко време добив порака од личност која не ја познавам и која во неколку љубезни зборови ми кажа дека е професорка по математика во мојата гимназија, дека организираат 50 годишнина и дека би ги израдувало ако напишам неколку редови кои би им биле прочитани на сегашните ученици за време на прославата. Било што, вика таа, на пример, околу моите учества на натпревари. Го сторив тоа со задоволство, околу 200 збора оти такви прилики не се за предолги приказни (добро го знам тоа бидејќи и мене ми читаа секакви глупости додека со поглед ја барав Радица по салата). Со нешто повеќе детали, ќе ви ја раскажам приказната чија кратка верзија им ја пратив таму.
Од точак имаш педали, ланец, кочници, волан и три тркала. Немаш седиште, веројатно и контра немаш. Дело е на двајца Бугари, Мартин Ангелов и Михаил Кленов, и до сега на Кикстартер има собрано 112.000 долари, од бараните 50.000. Изледа одлично.