Мешано

Јадење што никогаш не завршува

Во форма на гифови, ама од луксузните како синемаграфи. Дело се на Даша и Олја, и имаат крајно едноставен процес - едниот подготвува јадење, другиот го снима.

Песно мојa, прејди на друг

Добро е ова за разбибрига! Една голема (ама огромна!) листа на песни кои се ете украдени од друго место. За некои песни не контаме баш, други имаат џапнато по некоја фраза а трети се апла здиплени.

Десет особини на балканскиот менталитет

Некогашен српски новинар а денес светски гуру за дигитални стратегии и директор во европската централа на Гугл, на конференција во Белград ги опиша главните столбови на балканскиот менталитет. Многу прецизни поенти!

Каде е, што прави Герасим?

Прашање:
Герасиме ... би ти бил благодарен ако го преведеш ова: Свекрвата и золва ми отидоа кај шурата на кумашинот да прашаат дали жена му и јатрвата ќе дојдат на свадбата на девер ми.
Одговор:
Шо има тука да се преведуе, ако можат, ќе дојдат.

Филозофија на пеколот

Одговор на тест по хемија на Универзитетот во Белград, на прашањето: "Дали пеколот е егзотермичен (шири топлина) или ендотермичен (апсорбира топлина)?"

Не кукајте на децата, тие ви се единственото покритие

Во своите коментари за утринската програма на Студио Б, подоцна објавени во книгата "Белграде, добро утро", генијалниот Душко Радовиќ често ја начнуваше темата образование. 40 години подоцна, просудете сами колку тоа се сменило.

Живот. Оди па разбери го.

1. Човекот кој ги измисли модерните диети со гликемичен индекс.
2. Човекот кој го промовираше џогингот.
3. Човекот кој ја измисли Нутела.
----------------------------------
= Завршна сметка

Писмо на Ајнштајн до синот

На клавирот свири ги оние композиции кои ти годат, дури и ако учителот не ти ги дал за задача. На тој начин најмногу ќе научиш бидејќи кога правиш нешто во што уживаш, нема ни да забележиш дека времето минува.

Совети и славни

"Никогаш немој да и кажеш на сопругата дека е лоша во кревет, затоа што ќе оди да бара второ мислење," Родни Дагерфилд.

Овојпат "НЕ" за вакцините

Бидејќи со самото спомнување на зборот "вакцина" читателството веднаш се поларизира, сакаме да ви понудиме еден текст во кој не се спомнуваат никакви вакцини и во кој ниеднаш нема да го сретнете овој омразен збор. Се работи за кочници.

10 професии што не постојат денес

Не се занаети, туку повеќе усжни дејности кои заради една или друга причина, одамна се укинати.

Како интелигентно да се расправаш

Рускиот психолог Анатол Рапорот пред неколку децении изработува листа на правила за расправање и дискусија. Американецот Даниел Денет во "Intuition Pumps and Other Tools for Thinking" ги сумира истите правила во четири точки.

Заједно смо расли граде ја и ти

Приказната оди вака: Македонско радио, ноќна програма, Марин Бабиќ комуницира со госпожи и им исполнува музички желби. Се јавува слушателка и вика: - Можете ли Марине да ми ја пуштите "Заједно смо расли граде ја и ти?"

Со ваква младина...

Четири пати годишно американските ученици добиваат извештаи со нивните оценки. Пред овие извештаи да ги печатат компјутери, тие биле пополнувани од професори, кои можеле да остават и некаков коментар за ученикот.

Рецензија на Вокменот на Сони од 1.119 долари

Сони стварно извади нов Вокмен, на кој сличноста со стариот му е само во името (официјален назив Sony Walkman ZX2). Вокменот стварно чини 1.119 долари и преполн е со секакви опции. Луѓето од Noisey имаа шанса да го пробаат и да ги разгледаат опциите.

Најдобри Андроид апликации објавени во 2014-та

Наше е да ви кажеме да додржите и да не ја инсталирате секоја можна апликација што ќе ја видите на листава (или на проширената верзија). Ваше е да не' послушате барем 50%.

Собрани испади на принцот Филип

Филип е принц, војвода од Единбург и сопруг на кралицата Елизабета. Најдолговечниот маж во историјата на британските кралски семејтва. Роден е во далечната 1921 година а во толкав период, сешто ќе ти падне на памет. Еве зошто принцот важи за цар.

Корпоративен кукавичлук

По повод сите случувања околу Интервјуто и последователната реакција на Сони и уште неколку компании, Џорџ Р.Р. Мартин реши да напише нешто на својот блог. Сумирано - не ми се верува колку уцвикавте.

Првата ноќ на Робин Вилијамс во рајот

Како би изгледал стенд-ап на Робин Вилијамс пред неговите рајски колеги, на првиот ден од неговиот престој таму? Били Кристал се обидува да ја замисли таквата сцена. Ако има рај, тој веројатно изгледа вака.

Како иде?

Стилска вежба на исто поставено прашање. Анкетната мостра - репрезентативна.

Збунки од брзање

Таткото на Мери има пет ќерки: Нана, Нене,  Нини и Ноно. Како се вика петтата ќерка?

Кој род се компјутерите?

На курс по шпански јазик во Лондон, професорката се обидува да им објасни на присутните, дека во шпанскиот именките се или во машки или во женски род. Така, на пример: куќа е женски род, la casa, додека молив е во машки род, el lapiz. По ова некој од студентите прашал кој род е компјутерот.

Родителски совети од Хомер

Сакам да ти кажам нешто. Има три реченици кои ќе ти помогнат да го истуркаш животот. Број 1: Лажи за мене. Број 2: Тоа е добра идеја, шефе! Број 3: Такво беше кога дојдов.