Марко Аурелије е последниот од "Петте Добри Римски Императори" и еден од најблeскавите претставници на стоицизмот. "Медитациите" се своевиден прото-блог на императорот со филозофско полнење во кои пренесува што татко му го научил за честа и понижувањето.
Во нив и еден безвремен совет за тоа како да се започне денот а да се сочува здравиот ум и внатрешниот мир.
Уште пред два милениума, уште од сабајле било јасно дека дента ќе се има работа со олош.
Кога ќе станете наутро, кажете си го ова: Луѓето со кои денеска ќе се справувам ќе бидат наметливи, неблагодарни, арогантни, неискрени, љубоморни, груби. Такви се затоа што не умеат да разликуваат добро од лошо. Но јас ја имам видено убавината на добрината и грдотијата на злото и јасно ми е дека и лошиот е од ист материјал како мене, не заради крвта или раѓањето, туку заради умот и поседувањето дел од божественоста. И никој од нив не може да ме повреди. Никој не може да ме одвлечка во грдотијата. Ниту пак можам да бидам лут на моите блиски, ниту да ги мразам. Родени сме да работиме заедно, како раце, нозе, очи, како двата реда заби. Да си ставаме сопки не е природно. Да чуваш гнев кон некого, да му вртиш грб, тоа е заебот.