Иан МекКелен за Кристофер Ли

Кога пристигнав во Нов Зеланд за да почнам да снимам како Гандалф, во првата недела од 21 век, Питер Џексон организираше вечера за неколкумина од актерите. За среќа седев до Кристофер Ли, кого го почитував целата моја актерска кариера. Тој беше ангажиран како белиот волшебник Саруман, но неговата прва реченица кон мене беше: „Секогаш мислев дека јас треба да го играм Гандалф. Ја читам Господарот на прстените секоја година, понекогаш и по два пати".

Потоа ме частеше со реченици на црниот јазик на Мордор, а јас се почувствував несоодветно. Не дека тоа му беше намерата: имаше 78 години и беше добро изверзиран во уметноста на џентлменската правичност. Персонификација на „висок, темен и згоден", тој си ги чуваше внатрешните демони за глумењето на Дракула, чудовиштето на Франкештајн и, еднаш, како Шерлок Холмс.

Токму тоа го правеше Саруман толку ефектен. Со неговата долга брада и белите одори, тој создаваше слика на строг но сепак добро ќуден Папа кој ја остварува неговата амбиција да ја владее Средната земја со суровост и злоба. Во паузите на сетот тој лесно се убедуваше да евоцира спомени. На крајот на краиштата во неговата биографија имаше над 200 филмови, и неколку музички албуми. Неговата најрана желба била да стане оперски бас. Трогателно, тој имаше малку трема на снимањето. „Питер ме натера да го изговорам мојот прв монолог 10 пати!!" Му реков да не се секира, бидејќи јас претходниот ден морав да ја повторам сцената 27 пати. Неговите темни очи се раширија и светнаа, и тој веќе не се пожали.

Питер го скокоткаше тоа што неговиот злобен лик е Хамер хорор херој, и измисли спектакуларна смрт за да асоцира на неговото вампирско минато - паѓање на глог кој минува точно низ неговото срце. Крис не беше многу среќен околу ова, и мислам дека сцената може да се види само во продолжената режисерска верзија.

Штета што тој не работеше во театар, ниту пак режираше филм, како неговиот идол Лоренс Оливие, кому Крис му го носеше копјето во неговиот филм за Хамлет. Но тој со право беше горд на обемот и успехот на неговата кариера на филм, а кога стана витез сигурно му беше мило, како и на сите нас, што ја дели титулата со Лоренс.

Последниот пат кога Саруман и Гандалф снимаа заедно беше на округлата маса во Ривендел, но додека Галадриел, Елронд и јас бевме во велингтонското студио, снимките на сер Кристофер беа правени во Лондон неколку месци подоцна. Тоа не се познава. Во филмовите не е се' како што изгледа.

Сепак, кога тој се придружи на „Војна на ѕвездите" рече дека ги правел сите опасни сцени без дублер. Тоа секако не беше случај со неговата битка која и' пркосеше на гравитацијата со Гандалф. Веројатно сакал да ни објави дека е стар за да излезе на крај со таа задача. Сепак, не требаше да се грижи. Неговите актерски способности никогаш не се намалија.

Иан МекКелен, јуни 2015

13 јуни 2015 - 15:58