Усната хармоника е традиционален германски фолк инструмент кој се користел за придружба на оние цин-цингл полки и јодлања, но требало да падне в раце на американските црнци за да се открие блузот во неа. Иако навидум ограничена на квинти кои се добиваат со вдишување и издишување низ десетте дупки, малиот инструмент може да извади комплетни три октави.