Има доста џимеил адреси кои се составени од името и презимето на човекот. И луѓето така и ги кажуваат на пријатели: името точка презимето.
А не мора. Проаѓа тој меил и без точката.
Како што е тоа фино објаснето на форумот на Гугл:
Можете вие на Хомер Симпсонс да му пишете и со точка после секоја буква од името и презимето, пак е исто. Меилот ќе пројде (а тој нема да го прочита бидејќи гнете крофни).
Не е тоа ново, одамна е така, ама можеби некој не знаеше.
Освен на Gmail, точките се небитни и на Фејсбук, битни се на меилот на Јаху, аутлукот на Микрософт и клаудот на Епл, а строго забранети на Твитер.
*****************************
Бонус инфо од читател:
Здраво,
Во врска со https://off.net.mk/zezalici/meshano/so-tochki-da-ne-frlate
точно дека гугл не ги есапи точките во мејл адресата.
Друга корисна работа е како гугл работи со мајл алијаси. После мејлот може да се стави + и било што по него, а мејловите да си стигаат на истата адреса.
На пример:
Мејл пратен на homer.j.simpson+newsletter@gmail.com ќе стига на homerjsimpson@gmail.com, а според алијасот ќе може да креираат филтри за автоматско пренасочување на мејловите по фолдери или да им се ставаат лабели. Корисно кога се реистрираш некаде од каде мејловите сакаш одма во Trash да им ги праќаш.
https://support.google.com/mail/answer/12096?hl=en
Друга корисна работа кај ова е што кога се регистрираш за trial период на некој сајт кој бара уникатна мејл адреса, може да се регистрираш со истата мејл адреса и да додаваш +random.text на мејл адресата место да отвараш нова мејл адреса за секоја следна регистрација.
Поздрав.